Завршниот митинг на Коалицијата “Живот во Охрид за сите” предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија во Охрид ќе се одржи утревечер од 20.30 часот на плоштадот „Св. Климент Охридски“.
Се очекува на сопартијците, симпатизерите и на граѓаните да им се обратат кандидатот за градоначалник д-р Јован Стојаноски и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
СДСМ и коалицијата завршен митинг ќе одржат и во Општина Дебрца.
Утре во Домот на културата во Белчишта, со почеток во 16:30 часот свое обраќање ќе имаат, кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачеси и претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Публицитет.мк