
Денеска, Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во Општините Охрид и Дебрца, го одржаа 21 – то Изборно собрание во големата сала на општина Охрид.
Во работна и свечена атмосфера направен е осврт на успешната работа на Организацијата за изминатиот мандатен период. Во овој период Организацијата ги промовираше суштинските принципи во негувањето на слободарските традиции, во ревитализација на СБ, во изнаоѓање и на други форми на дејствување.
По разгледувањето на Извештаите на Општинскиот и Надзорниот одбор за изминатиот мандатен период, Собранието ги усвои Програмските насоки за работата на Организацијата во наредниот мандатен период.
Откога Собранието го утврди бројот на работните тела, истите беа избрани: Општински одбор, Надзорен одбор, претседателство и претставник за 3 – то Изборно собрание на СБМ.
Со едногласна Одлука новоизбраниот Општински одбор на својата Прва конститутивна седница, која се одржа веднаш по завршувањето на Изборното собрание ги избра: за претседател на ОО на СБ Охрид и Дебрца – Гоце Георгиески, за потпретседател – Љубиша Машановиќ и за секретар – Снежана Лазароска.
Бидејќи денес се навршуваат 78 години од Второто заседание на АВНОЈ, пред присутните историски час одржа проф. по историја Наце Иваноски на тема : ” Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава “.
Публицитет.мк







