• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, септември 17, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Се одржа „Македонското културно лето“ во општина Пустец, Мала Преспа

јули 9, 2022
in Во потрага по трајната убавина
Се одржа „Македонското културно лето“ во општина Пустец, Мала Преспа

Фестивалот „Македонското културно лето“ во Пустец, чиј организатори се Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ – Скопје и актерот Едмонд Сотир, се одржа по 15 пат и траеше од 01 до 05 јули. Фестивалот започна со концертот на хорот „Света Злата Мегленска“, а заврши со претставата „Орест“ во копродукција на Здружението „Сонце“ и Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес.

Областа Мала Преспа во Албанија му припаѓа на Регионот на Корча и сите села во ова област му припаѓаат на Општината Пустец. Општината Пустец се протега на североисточниот дел на околијата на Корча. Нејзината територија се совпаѓа со водната долина на Преспанското Езеро. Таа се граничи со планинските венци кои ја делат езерската долина од Корчанското поле. Потоа на запад се граничи од Охридската долина со планината Сува Гора на северо-запад и исток се граничи со Република Македонија и на југ и југо-исток со Република Грција .

Центарот на општината селото Пустец е одалечен 25 километри од градот Корча. Во општината Пустец живеат околу 5,000 жители, сите по националност Македонци. Територијата на општината се софпаѓа со Националниот парк „Преспа“.

Во состав на Општината Пустец припаѓаат 9 стари села и едно ново село кое сега се формира. Селата се Пустец, Леска, Зрноско, Церје, Шулин, Глобочени, Долна Горица, Туминец Горна Горица и новото село Нова Горица.

Мајката природа на Преспа ѝ подарила богатство на убавини и атрактивности. Во исто време, историјата ѝ оставила непроценливи траги од значајни настани. Затоа преспанци каде и да се во родниот крај или надвор од него, се радуваат со сето тоа што го има во Преспа, се гордеат и го чуваат ваквото богатство за идните генерации.

Она што на Преспа и на нејзината историја ѝ дава посебен белег е нејзиното богатство со културно-историските споменици, уште од времето кога била староримска крстосница и прва престолнина на цар Самуил, а денес е туристичка дестинација.

Оваа 2022 година е карактеристична за Општината Пустец и за целиот македонски народ во Република Албанија по тоа што по 15 пат се одржа фестивалот „Македонското културно лето“ во Пустец, кој траеше од 01 до 05 јули. Имено, 15-тото издание на фестивалот „Македонско културно лето“. свечено започна со концертот на хорот „Света Злата Мегленска“, а на крајот премиерно беше изведена претставата „Орест“ во копродукција на Здружението „Сонце“ и Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес. Организатори на фестивалот се Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ – Скопје и актерот Едмонд Сотир.

capture 20220709 111111

Претставите на фестивалот „Македонско културно лето“.почнуваа во 20 часот и се одигруваа на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец. Годинашното издание на фестивалот беше поддржано од: Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за култура на Албанија, „Обединета македонска дијаспора“ од Вашингтон, САД, компанијата „Кромберг и Шуберт“ – Битола, Град Скопје, Општина Велес, Општина Пустец, „Кожувчанка“, Велешки театар и Театар „Комедија“ – Скопје.

На затворањето на фестивалот на 5 јули 2022 година беа доделени наградите за следните најдобри актери и претстави и тоа:

– Билјана Драгичевич Пројковска за улогата на Кармен, Драмски театар.
– Жаклина Петровска Милјановска, најдобра млада актерка, за улогите на Марта, Цеце, Жаклина, Елена, во Анатомија на неверството, театар „Комедија“.
– Славица Манаскова, најдобра млада актерка, за улогата на Електра, театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес.
– Сашко Коцев, најдобар актер за улогата на Паун во „Не се клади на енглези“. МНТ
– Жарко Спасовски, најдобар млад актер, за улогата на „Орест“, театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес.
– Најдобра претстава, „Кармен“ на Драмски театар Скопје.
– Најдобра режија, Дејан Пројковски за „Кармен“ на Драмски Театар Скопје.
Признанието „Пријател на фестивалот“ го добија: Министерството за култура на Македонија, Министерството за култура на Албанија, „Обединета македонска дијаспора“, компанијата „Кромберг и Шуберт“, Општина Велес, Општина Пустец, Град Скопје, „Кожувчанка“, театарот Џинот Велес, Театар Комедија и Хорот „Света Злата Мегленска“.

Одржувањето на фестивалот „Македонско културно лето“ по 15-ти пат ќе остане во длабоко сеќавање кај театарските изведувачи на претставите и наградените актери, а особено кај Македонците од општините Пустец и Корча како и кај другите посетители од многу други места ширум Република Албанија.

capture 20180128 230524 copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Публицитет.мк 

Посетеност: 111
Share
Previous Post

Полските студенти восхитени од автентичноста на македонскиот јазик – нови перспективи и вложувања за македонистиката

Next Post

На изложбата чудесната приказна за македонските банкноти вредни експонати и од Завод и Музеј – Охрид

Next Post
На изложбата чудесната приказна за македонските банкноти вредни експонати и од Завод и Музеј – Охрид

На изложбата чудесната приказна за македонските банкноти вредни експонати и од Завод и Музеј - Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 111

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk