Во сабота на 28 август во Охрид и во Струга успешно се реализираше настанот “Мал Монмартр, на охридско – струшки начин“.
Оваа активност се имплементираше во рамките на креативната иницијатива ” УНЕСКО на дланка”. Четворицата млади и талентирани уметници: Милко Нестороски, Александар Илиевски, Емилија Лазороска и Лида Шерафатманф, цртаа мотиви од охридско – струшкото крајбрежје, како контраст на природата, традицијата и современите градежно – архитектонски решенија. Посебно импресионира фактот што Лида е родена во Иран, израсната во Малта и преселена во Струга пред 3 години. Преку нејзините креативни ликовни дека, таа е голем промотор на македонските убавини, во светски рамки. Низ уметничката призма, сите овие амбициозни творци прикажаа дека УНЕСКО е алката која го презентира регионот пред светот и дека единствено преку членството во таа организација, природното и културното богатство кое е наш белег ќе остане интегрирано и заштитено во целост.

Оваа активност се имплементираше во рамките на креативната иницијатива ” УНЕСКО на дланка”, како дел од проектот” Поддршка на изборните реформи во Република Северна Македонија” кој го спроведуваат Швајцарската агенција за развој и соработка, меѓународната фондација за изборни системи “IFES” и нивниот партнер, Националниот младински совет на Македонија
Самиот проект предвидуваше избор на мобилизатори на заедницата, кои ќе го следат процесот на исполнување на владината програма за периодот од 2021-2024 година, во повеќе сегменти.
За регионот Охрид – Струга – Дебарца, за мобилизатор е избрана Весна Цветаноска, генерален секретар на здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија”, која ќе го следи спроведувањето на препораките од извештајот на реактивните мисии на организацијата.
Публицитет.мк