• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Се празнува отсекување на главата на Свети Јован: Што треба, а што не треба да правите денес!

септември 11, 2015
in Тикер

МПЦ и нејзините верници го прославуваат големиот христијански празник кој не потсетува на страдањето на Свети Јован, кој е наречен уште и кум Божји. Овој ден во верскиот календар е обележан со црвени букви, а исто така се налага пост, без разлика на кој ден во неделата е.

Страдањето на Јован Крстител се случило за време на царот Ирод Антипе, кој бил син на Ирод Постариот, убиец на витлеемските деца родени за време на Исус Христос.

Тој Ирод бил оженет со ќерката на арапскиот кнез Арет. Тој јаизбркал својата законска жена и си ја зел за љубовница Иродијадина, жената на својот брат Филип.

Против ова безаконие се јавил и Свети Јован, но тоа го чинело темница. Во текот на една забава на која играла Саломија, ќерката на Иродијадина и Филип, паднала и одлука за отсекување на главата на Свети Јован. Со својот стомачен танц Саломија успеала да го маѓепса веќе пијаниот цар, и по наговор на мајка си ја барала главата на Свети Јован на тацна. Царот тоа веднаш и го наредил.

Sveti-Jovan-Krstitelj-2

Смртта на Светиот Јован се случила пред големиот еврејски празник Пасу. Царот Константин и царицата Елена изградиле црква во Севастија на 11 септември , и поради тоа овој празник е земен за празнување овој ден.

Со примерот на отсекувањето на главата на Свети Јован во текот на забава полна со алкохол и заблуда, се покажува колку човечкиот мозок може да биде зол кога е помрачен со грев.

Кај нас овој празник има долга традиција и спаѓа во групата на големи христијански празници, кои нашиот народ посебно ги почитува.

Се избегнува било каква работа, како надвор, така и внатре во куќата. На денешен ден цело семејство пости, а народот се собира во храмовите на литургија.

Извор: faktor.mk 

 

Посетеност: 153
Share
Previous Post

„National geographic traveler“ ги поканува читателите да испраќаат свои фотографии

Next Post

Утре е Светски ден на Првата помош

Next Post

Утре е Светски ден на Првата помош

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 153

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk