• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 16, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Се реалзира проектот: “Дувалo: од предизвик до решение – Промоција и заштита за одржлива заедница”

јули 17, 2018
in Аргументи за
Се реалзира проектот:  “Дувалo: од предизвик до решение – Промоција и заштита за одржлива заедница”

Во тек е имплементација на проектот “Дувалo: од предизвик до решение – Промоција и заштита за одржлива заедница”. Основна цел на проектот е да се подигне степенот на заштита и промоција на природната рекост „Дувало“ преку вклучување на локалната заедница.

„Дувало“ претставува активна поствулканска појава која се наоѓа во непосредна близина на селото Косел, недалеку од Охрид. Има изглед на минијатурен кратер со пречник од 0,5м и длабочина од 30см. „Дувало“ претставува последен знак на изумирање на некогашна вулканска активност во регионот. Сулфатарата Дувало во Косел е поствулканска појава, една од ретките од ваков вид во овој дел на Европа. Со самиот ваков карактер сулфатарата преставува природен феномен, поради што во 70-тите од страна на Собранието на Општина Охрид се стекнува со статус на природна реткост.

Во рамките на овој проект ќе се преземат конкретни активности за заштита и промоција на феноменот “Дувало” со цел истиот во иднина да стане атрактивна туристичка дестинација. Покажувајќи ја моќта на природата, овој природен феномен се очекува да стане отворена училница по географија, која во иднина ќе биде посетувана од страна на бројни ентузијасти од областа на геологијата, географија, сеизмологија, заштита на природата и сл.

Проектот, кој се спроведува од страна на Здружението за одржлив развој “Синиот Проект” од Охрид, е дел од Програмата за подобрување со управувањето на заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Публицитет.мк 

Посетеност: 69
Share
Previous Post

Четкар со пријателите во петок на плажата „Бонанца“ на зајдисонце

Next Post

Петков-човекот амфибија со инспиративно предавање за техники на дишење, концентрација и контрола на мислата

Next Post
Петков-човекот амфибија со инспиративно предавање за техники на дишење, концентрација и контрола на мислата

Петков-човекот амфибија со инспиративно предавање за техники на дишење, концентрација и контрола на мислата

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 69

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk