На сцената „Долни Сарај“ во тек е претставата Figurae veneris historiae во изведба на Словенско народно гледалишче од Љубљана . Со овој проект работен по текст на Горан Стефановски, во режија на Александар Поповски симболично се спушта завесата на 55 „Охридско лето“.
Насилството и љубовта имаат повеќе лица,така режисерот Поповски, кого ширум Европа го сметаат за нова театарска ѕвезда го читал текстот на Стефановски.
„Љубов во време на војна“ може да биде другиот наслов на претставата. И не случајно, зашто и во неа човекот е распнат , особено кога е фрлен помеѓу политиката и историјата. Војната ја претвора еротиката во порнографија и нагон за преживување. На сцената тоа професионално и со доза на импресивност го одиграа актерите од Словенија.
Фотографиите се актуелни од претставата што е во тек.
Публицитет.мк