Уште една куќа во стариот дел на Охрид замина во заборав и не му одолеа на забот на времето.
Пред околу половина час одненадеж се сруши стара куќа која се наоѓаше на пресокот на улиците „Климентов Универзитет“ и „Аргир Маринче“ во Охрид.
Според очевидците и фотографијата која ја добивме во редакцијава станува збор за објект во кој повеќе од две децении не живеел никој. За среќа според нашите сознанија нема повредени при нејзиното ненадејно рушење. Настрадал само еден паркиран автомобил во нејзина близина. Ова е опомена за надлежните да преземат мерки и другите напуштени објекти или да ги санираат или да се срушат за да се избегнат несаканите последици.
Публицитет.мк