Во ординацијата на физиотерапевтот Арслан Сулејман во Охрид, секојдневно пациенти – секој со својата мака.
Седумдесет и шест годишниот Бошко Савески кој потекнува од Охрид а живее во Перт – Австралија вели дека по четирите од десетте закажани третмани му се чини дека тука го нашол лекот за своите здравствени проблеми.
Во Австралија му рекле дека боледува од Паркинсова болест и дека искривувањето на телото му е како последица од неа.
Но, откако се вратил во Македонија, во Охрид од своите соседи разбрал за Арслан и го убедиле да дојде кај него. -Претходно лежев и во болница,ама подобрување немаше и така решив да дојдам во приватната ординација АЛТА ЦЕНТАР. За една година изгубив 21 килограм, моралот ми беше на нула, а сега ми е далеку подобро, вели Бошко.
Арслан во аудио интервјуто објаснува дека откако ги видел резултатите за невролошкото заболување на Бошко и кога ја имале првата средба со него констатирал дека Паркинсот не е главниот проблем, туку нарушениот мускулен систем .
-За четири третмани над 40 проценти го подобривме лошото држење на телото кое беше присутно првиот ден, ни раскажува Арслан ( впрочем од фотографиите тоа и се гледа ) .
Бошко ни ја раскажа својата животна приказна, намерата пак на кусо да оди во Австралија каде живее ќерка му да си ја обезбеди пензијата и за скоро пак да дојде во Охрид.
На разделба, а тоа ќе го слушнете и во аудио интервјуто ни рече дека се потврдило она што го слушнал од другите дека Арслан е човек од злато – во начинот на комуникацијата, чесноста, договорот и резултатите од лекувањето, ни рече Бошко Савески.
Публицитет.мк