21 март – Светски ден на поезијата. Оваа година од особено значење за нас зашто заедно со УНЕСКО ја чествуваме 100 годишнината од раѓањето на големиот Блаже Конески,напиша на ФБ министерката за култура Ирена Стефоска.
Утре во Париз, во седиштето на УНЕСКО, во 16 ч., ја враќаме некогашната традиција за одбележување на Светскиот ден на поезијата и соопштување на добитникот на Златниот венец на 60. јубилејни СВП. Настанот е дел од Националната програма ,, 2021 – Година во чест на Блаже Конески”.
Во рамките на настанот, со кој се прославува и Светскиот ден на поезијата – 21 Март, ќе биде соопштен и добитникот на наградата „Мостови на Струга“, која се доделува во соработка со УНЕСКО.
По тој повод, со видеопорака ќе се обратат министерката за култура Ирена Стефоска и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Следете во живо, утре во 16 ч., на следниов линк: https://youtu.be/i0CzJURAbs0
Публицитет.мк