• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, ноември 10, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Се заокружува реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ во Охрид

август 19, 2021
in Тикер
Се заокружува реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ во Охрид

По интензивните и сложени градежни активности кои течеа последователно околу 13 месеци, денеска започна поставувањето на вториот асфлатен слој на коловозот на улицата „Абас Емин“, со што целосно се комплетира реконструкцијата на една од најважните сообраќајници во Охрид.

Градоначалкот Константин Георгиески ги посети работните екипи кои беа ангажирани на терен и работеа на потегот од пресекот со улица „Охридска бригада“ до пресекот со улица „Железничка“.

-Охриѓани знаат дека со реализацијата на овој проект, успеавме да покажеме вистинска грижа за најприоритените инфраструктурни потреби и дека имаме капацитет за решавање на децениски проблеми. Охриѓани знаат дека реконструкцијата на оваа улица беше ветувана и споменувана од сите претходни градоначалници и локални власти, но до сега, никој немаше храброст да го започне и да го реализира овој проект. Реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ започна во месец мај 2020 година, во еден специфичен период на здравствената криза, но и покрај сите проблематични моменти, преку голема посветеност, трпение и исклучителен ангажман на мојот тим, овозможивме непрекинато одвивање на сите предвидени проектни активности и токму затоа, денеска гордо можеме да се пофалиме, дека дојдовме до финалето на овој голем и капитален проект, изјави градоначалникот Георгиески при теренскиот увид на улицата „Абас Емин“.

abas emin 8 scaled 1440x1029 copy

 Проектот за реконструкција на улицата беше поделен на два дела. Во рамки на првиот дел беше извршено поставување на нови главни цевководи на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа, со ископ во длабочина од 3,5 метри и ширина од 2 метри и беше извршено комплетно преприклучување на сите домаќинства од улицата. Активностите за реконструкција на целокупната подземна инфраструктура се реализираа со поддршка на Министерството за транспорт и врски и со средства од Европската банка за обнова и развој.

Вториот дел од инвестицијата на улицата, кој се реализираше со средства од Буџетот на Општина Охрид, опфаќа комплетна рехабилитација на коловозната лента со соодветно тампонирање на подлогата и поставување на два слоја асфалт. Извршено е уредување на пешачките патеки и беше направено нивелирање на шахтите, а набрзо ќе биде извршено и поставување на современа хоризонтална и вертикална сигнализација.

Должината на улицата е 1100 метри, а вкупната вредност на проектот е околу 40 милиони денари.

Извор: www.ohrid.gov.mk 

 

Посетеност: 151
Share
Previous Post

Струшките вечери на поезијата ќе се одржат со целосно почитување на најновите Ковид мерки

Next Post

Ново 30 лица заболени од корона во Охрид во земјава активни се 8675 случаи

Next Post
Ново 30 лица заболени од корона во Охрид во земјава активни се 8675 случаи

Ново 30 лица заболени од корона во Охрид во земјава активни се 8675 случаи

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 151

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk