Младински културно образовен центар „Соната“ од вечерва започнува со релизација на #СедиДома online часови по танц. Часовите ќе се одржуваат секој вторник, четврток и сабота од 20:30 часот и ќе бидат достапни преку Instagram профилот mkoc_sonata.
Во наведените термини ги покануваме сите млади, но и сите кои се чувствуваат така, да ни се приклучат и да се забавуваат од дома заедно со нашите млади и талентирани ментори по танц. Прва на распоред е Климентина Гилевска чија приказна започнува пред дванаесетина години кога започнува да учи класичен балет. На 12-годишна возраст започнува да танцува и хип хоп, а во моментов држи часови по современ танц и хип хоп во МКОЦ „Соната“, велата од „Соната“.
В четврток заинтересираните ќе се дружат со Михаил Талев, еден од најдобрите хип хопери во земјава. На последното издание на меѓународниот натпревар DanceOff во Скопје, во сериозно тешка конкуренција беше второпласиран и најдобро пласиран македонец во Hip Hop Battle Adult. Тој е задолжен за intermediate часови по хип хоп во МКОЦ „Соната“.
За последниот час за оваа недела ќе биде задолжена Сара Коваческа, млада и амбиционзна танчерка која започнува да учи латино танци пред седум години, по што продолжува со современ танц и хип хоп. Дел е од груапта CrffCi, најнаградуваната група од МКОЦ „Соната“ на меѓународено поле. Таа е одговорна почетниците да се запознаат со хипхоп-от но и танцовата култура воопшто.
Распоредот за следната недела ќе биде објавен в недела.
Публицитет.мк