Синоќа на „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше” на плоштадот Македонија во Скопје беше промовирана до сега необјавената песна на ромски јазик на Тоше Проески, „Ефта пуране иконе“(Седумте стари икони).
Оваа песна Тоше Проески ја отпеал за потребите на панк-операта „Дом за бесење“ на Емир Костурица. Песната не е преработка, туку е авторска.
Екипата која работела на панк-операта која беше поставена во „Опера Бастиља“ во Париз, го повикала Тоше да биде и дел од операта, но бидејќи бил многу постар од ликот кој требало да го игра, соработката не се остварила.
Тогаш и му ја дале композицијата „Ефта пуране иконе“, која се изведува во операта, и Тоше пробно ја снимил во своето студио.
Публицитет.мк