• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тоа беа години

Сенката на твојата насмевка – Енди Вилјамс

март 23, 2021
in Тоа беа години
Сенката на твојата насмевка  – Енди Вилјамс

Потсетувајќи се на оваа љубовна песна во еден од коментарите под песната на Јутуб  прочитав еден коментар од само една реченица:„Кога љубовните песни беа навистина љубовни песни“.Оваа реченица ,претпоставувам,дека сигурно  ја напишал некој повозрасен љубител на музика од причина што песната е од постар датум (1965) а и мислењето  за нејзината убавина би ја изрекол некој кој памети некои други времиња кога љубовните песни навистина беа поинакви.

Дури и самиот наслов на песната „Сенката на твојата насмевка“ има нешто љубовно во себе. Музиката за оваа песна ја напишал композиторот Џони Мандел а текстот е дело на Пол Франсис Вебстер за потребите на филмот „Љубов на песок“ на режисерот Винсент Минели во кој настапуваат Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.

Песната е воведна музичка тема во филмот која во соло изведба на  труба ја исполнува Џек Шелдон а мелодијата провејува низ целиот филм за да на крајот биде изведена во хорска изведба.За квалитетот на песната говори и податокот дека таа го освои Оскарот во категоријата најдобра оригинална песна и тоа во годината кога меѓу номинираните песни беа и оние од филмовите „Што има ново маченце“ и „Шербурските чадори“.

Нејзината популарност ја зголеми и изведбата на Тони Бенет која ја освои наградата Греми за песна на годината во 1966 година.

Песната досега е испеана од голем број на мошне познати интерпретатори со што се потвредени нејзините квалитети. Таа може да се слушне и во изведба на :Барбра Стрејсенд, Енди Вилијамс, Боби Дарин, Џони Матис, Френк Синатра, Ненси Синатра, Енгелберт Хампердинк, Стиви Вондер…како и во многу инструментални  изведби на најпознати инструменталисти и светски оркестри.

Потсетување на оваа прекрасна љубовна песна со изведбата на Енди Вилијамс која плени со неговиот извонреден глас.

Ѓ. Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 92
Share
Previous Post

По иницијатива на Министерството за култура, Владата усвои 10 заклучоци за заштита на Охридскиот регион

Next Post

Денес им е роденден: Ристе Наумовски

Next Post
Денес им е роденден: Ристе Наумовски

Денес им е роденден: Ристе Наумовски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 92

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk