
Во Основното училиште „Христо Узунов” во Охрид денеска со почеток во 19 часот ќе бидат доделени сертификатите на курсистите од втората генерација на бесплатните курсеви по руски јазик во Охрид.
Овие курсеви ги организира Рускиот центар при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Сертификатите ќе ги доделат Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин и директорот на Рускиот центар при УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски.
Публицитет.мк






