Саем на костенот, медот, виното и домашната трпеза.
Во недела на 13 ноември во Беловиште кај Тетово ќе се одржи традиционалната „Шарпланинска костенијада“ .
Според Сашо Матовски, претседателот на Здружението на граѓани и Институтот за одржлив рурален регионален развој “Бела Виста“ на манифестацијата ќе има многу излагачи на производи, пред се’ од костенот и традиционалното негово користење, како и скари на кои ќе може да се пробаат специјалитетите, од кои ќе предначи шарската плескавица со костен“.
-Ќе бидат застапени производителите на органски мед пак поврзан со костените. За нив предвидовме натпревар. На саемнот ќе бидат застапени и винариите, костенот и црвеното вино се убава комбинација. Најавено е учество на излагачи на старини, а ќе го видите и Најмалиот етно музеј во светот.
Посетителите покрај што ќе можат да купат ќе можат и да дегустираат многу производи подготвени од нашите членови и партнерските организации и учесниците.
По саемска цена ќе може да се купи шарпланинскиот костен, познатиот тетовски грав, јаболка тетовка, ореви и ред други домашно одгледувани органски производи. Ќе може да се купи и селектиран костенов расад,а на учесниците ќе им биде подарен со цел да се обноват костеновите шуми, вели Матовски за Публицитет.мк
Организаторите даваат можност за поставување на ваш штанд за промоција на вашите активности, производи и услуги.
Планирани се и планинарски, велосипедски, мотокрос и џип тури и прошетки.
-Планинарска- Велосипедска тура до најголемиот водопад во Македонија, а тоа е Беловишкиот (Долно Цкало), во траење од еден ипол час во еден правец, со велосипед побрзо.
– Планинарска-Велосипедска тура до Доброшко Езеро, едно од преубавите ‘‘Шарски очи‘‘, (ова ќе биде за заинтересирани кои сакаат аранжман со спиење )
-Планинарска-Велосипедска тура Љуботен-Вратничка ливадица-водопадите, Горно Цкало-Долно Цкало со спиење на Љуботен.
-Прошетка и велосипедска тура до малото планинско езеро обвиено во костенова шума “Сенокос“,во траење од 45 мин.
Прошетка до Вратничко Езеро и до црквата Св Константин и Елена.
И секако туристичката Велосипедска, мотокрос и џип тура, патека која ќе ја промовираме од Скопје, преку Кучково-караула Чашка-Радушко Езеро до древниот град Собри (Орашко Кале) и посета на врквата Св Константин и Елена и Вратничко Езеро.
Публицитет.мк