• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 13, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Шекеринска од Охрид порача: Чист избирачки список и реформи во медиумите за фер избори

април 1, 2016
in Тикер
Вечерва СДСМ ќе одржи трибина во Охрид 
На трибината која ќе се одржи во Центарот за  култура ,,Григор Прличев‘’ со почеток 19:30 часот гости  ќе бидат заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска и работна група составена од членови на највисокото партиско раководство.
Потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска денеска од Охрид во присуство на медиумите изјави: 

– Денес Македонија  се наоѓа во сериозна политичка, економска, државна криза која што е предизвикана од погрешните и криминални политики на ВМРО ДПМНЕ.

Како резултат на таквите политики сите овие години, денеска како држава се соочуваме со огромен број на луѓе, стотици илјади, коишто заминуваат од државата. Се соочуваме со млади лица коишто се повеќе сакаат да заминат од Македонија.

Се соочуваме со низок животен стандард, со медиумски мрак, со изборни измами и сериозни индиции за голем криминал коишто се случувал.

Овие политики и овие резултати можеме да ги промениме само низ чист, кредибилен, фер и демократски изборен процес.

За таа цел, на Македонија и се неопходни прочистен избирачки список, неопходни и се реформирани медиуми.

За жал и во последниве денови се покажува дека власта бега по секоја цена од фер и демократски избори и сака да продолжи да лови во матно, како што ловела во сите изминати изборни циклуси.

Во текот на вчерашниот ден, станаа достапни документи и дописи коишто доаѓаат од страна на две институции, а тоа е Агенцијата за пошти и Дирекцијата за заштита на лични податоци, коишто замислете, преку ноќ се сетиле дека веќе не било време за спиење и одеднаш станале многу заинтересирани за заштитата на личните податоци на граѓаните на Република Македонија.

Ова се две институции коишто во ист ден испратија дописи и пораки и одлуки до ДИК со една и едниствена цел, координирана од врвот на ВМРО ДПМНЕ, а тоа е да се спречи понатамошното јавно објавување на сите податоци од избирачкиот список.

На тој начин ќе се криши Изборниот закон и ќе се кршат принципите коишто беа договорени и во Пржино и после тоа.

Замислете овие две институции коишто молчеа сиве овие години кога на пример партиски организации шетаа од врата на врата и со податоци од ПИОМ коишто содржеа и адреси и податоци и имиња и презимиња и единствени матични броеви, одеа од човек на човек, тогаш овие две институции никаде ги немаше.

Кога излезе скандалот со употребените лични карти од страна на владеачките партии, тие молчеа.

Сега кога постоеше целосен консензус дека избирачкиот список јавно достапен до сите граѓани ќе се прочисти и како резултат на дојавување и од страна на граѓаните, одеднаш го свртеа листот и сега бараат ДИК практично да им ги затвори овие информации коишто беа достапни до граѓаните.

Со тоа се покажува дека власта бега од фер и демократски избори и дека се плаши дека било каков јавен пристап до избирачкиот список ќе ги открие дополнително, криминалот коишто бил правен во претходните избори.

Заради тоа сакам да ја испратам пораката. На граѓаните на Република Македонија и требаат избори час поскоро, коишто ќе стават крај на овие погубни политики.

Тие избори мора да бидат фер и демократски. За фер и демократски изброи неопходен е чист избирачки список и неопходни се реформирани медиуми.

Ние ќе продолжиме да инсистираме на овие два услова без кои фер и демократски избори нема да бидат возможни.

Одговори на новинарски прашања

Медиуми: Како го оценувате вчерашното излегување на ДУИ од Владата и нејзините министри? Дали ова е на некој начин дефинирање на 5-ти Јуни како датум за избори?

Шекеринска: Јас не би сакала да коментирам одлука која истата таа партија вчера ја објави и најави дека денеска ке ја дообјаснува. Нека објаснуваат, нека кажуваат кој е нивниот став, тоа не е наша работа. Меѓутоа наша работа и работа на сите граѓани на Република Македонија е никој од нас да не дозволи Македонија да биде жртва на било какви внатрепартиски или меѓупартиски пазарења и договарања. Чист избирачки список, слободни и реформирани медиуми, тоа се условите кои ги поставија граѓаните на Република Македонија и без нив фер и демократски избори не се возможни. Ќе повторам, на граѓаните на Република Македонија им требаат избори час поскоро , за да стават точка на ваквото криминално владеење коешто ја осакати оваа држава. Меѓутоа тие избори за да бидат решение на оваа криза мора да бидат чисти како солза?

Медиуми : Може ли малку да го прокоментирате, бидејќи излегувањето се случува на неколку дена до распуштање на парламентот. Малку е изненадувачки . Што би и порачале вие на ДУИ во оваа ситуација?

Шекеринска: Нашите пораки во посетите коишто ги правиме не се кон политичките партии во Република Македонија, нашата цел е да разговараме и да испраќаме пораки до граѓаните. Оние коишто излегоа со најави сега и должат на јавноста одговори. Ние тие одговори не можеме да ги дадеме ниту пак сакаме да им се мешаме. Тие на своето гласачко тело, на своите членови, на своите симпатизери нека објаснуваат. Меѓутоа фактот е еден, било какви политички договарања, преговарања, пазарења не можат од јавноста да го скријат фактот дека само чисти избори можат да ја решат кризата во Македонија. Ние ќе продолжиме да се бориме за чисти избори . Ние сметаме дека тоа е целта на сите граѓани на Република Македонија, а политичките партии нека изберат која е нивната одлука или која е нивната игра. Фактот е еден . Бегството од фер и демократски избори не е само страв од соочување со граѓаните. Тоа е страв и од соочување со кривичната одговорност за криминалите коишто изглегле на виделина . Како што спомнав, овие две институции ни агенцијата за пошти ни Дирекцијата за заштита на личните податоци не се јавија со збор да го коментираат нелегалното прислушкување на 20.000 граѓани на Република Македонија. Не се јавија со збор кога нивните приватности и лични податоци биле злоупотребувани. Се разбира не се јавија со збор кога чувме дека опремата со којашто тоа се правело се обзнани дека била уништувана. Затоа власта овие денови нервозно реагира. Затоа избирачкиот список сакаат да го кријат од јавноста. Затоа сакаат да спречат било каква шанса за фер и демократски избори . Тоа едноставно не е опција.

Извор: www.sdsm.org.mk 

Посетеност: 116
Share
Previous Post

Први април: Потеклото и историјата на светскиот ден на шегата, лагата и забавата

Next Post

Одбележан – Први април денот на шегата

Next Post

Одбележан - Први април денот на шегата

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 116

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk