• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, септември 30, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Шеќеринска и Карлин потпишаа нов Меморандум за соработка меѓу Северна Македонија и САД

февруари 27, 2021
in Актуелно
Шеќеринска и Карлин потпишаа нов Меморандум за соработка меѓу Северна Македонија и САД

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и помошникот на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања, Мара Карлин, во Скопје и во Вашингтон го потпишаа новиот Меморандум за соработка во одбраната помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави. На потпишувањето на Меморандумот во Министерството за одбрана присуствуваше амбасадорката на САД, Кејт Брнз.

111 slika karlin usa

Новиот Меморандум ја отсликува исклучително блиската одбранбена соработка помеѓу двете земји која низ последните години стануваше сè поинтензивна и го заменува постојниот Меморандум за соработка кој беше потпишан во далечната 1994 година.

Меморандумот најавува унапредување на стратешкото партнерство преку заеднички обуки и вежби, унапредување на можностите за борба против тероризмот, поинтензивна размена во професионалното воено образование, како и подобрување на интероперативноста.

По потпишувањето на Меморандумот, Шекеринска и Карлин, во телефонски разговор се согласија дека Меморандумот е доказ за взаемната посветеност на развивање на соработката во одбраната на билатерално ниво, но и како земји – сојузнички во НАТО.  Во разговорот беше изразено задоволство од зголемената соработка меѓу Северна Македонија и САД во поглед на модернизацијата и опремувањето на Армијата, заедничките обуки и вежби, заедничкото учество во НАТО мисиите и соработката во развој на полигонот Криволак во НАТО капацитет. Во пресрет на 27 март, министерката Шекеринска од високата претставничка на Пентагон, Карлин, доби честитки за претстојната годишнина од зачленувањето на Северна Македонија во НАТО.

Одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и САД е пример за стратешка соработка помеѓу две земји кои денеска се и сојузници во НАТО. САД се едни од најголемите поддржувачи на развојот на македонските вооружени сили последните скоро три децении. Во овој период, преку програмата за меѓународна воена помош, нашите вооружени сили од САД добија опрема во вредност од над 150 милиони долари. Преку програмата за тренинг и едукација, на високите воени школи и центри за обуки во САД, школувани се над 800 припадници на Армијата и вработени во одбраната.

Пример за исклучително високото ниво на доверба помеѓу Армиите на двете земји е заедничкото учество во мировни мисии, како мисијата „Слобода за Ирак“, мисијата ИСАФ во Авганистан каде во наменската операција „Феникс“ војници на Армијата беа распоредени во тимови заедно со припадници на Националната гарда на Вермонт со која интензивно соработуваме веќе 27 години, како и мисијата „Одлучна поддршка“ која е во тек.

Во втората половина од мај годинава ќе се одржат билатерални одбранбени консултации меѓу одбранбени експерти од Министерството и Пентагон, кои ќе бидат уште една можност за размена на нови иницијативи.

Извор:Влада на РСМ

Посетеност: 102
Share
Previous Post

Државен завод за статистика:Почнува самопопишувањето во странство

Next Post

Проект на Црвен крст за финансиска поддршка на ранливо население

Next Post
Проект на Црвен крст за финансиска поддршка на ранливо население

Проект на Црвен крст за финансиска поддршка на ранливо население

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 102

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk