• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Шпиц на туристичката сезона: Охридско-струшката ривиера преполна со луѓе, но и со отпад, комуналците чистат во три смени

јули 31, 2022
in Актуелно
Шпиц на туристичката сезона: Охридско-струшката ривиера преполна со луѓе, но и со отпад, комуналците чистат во три смени

Преполни чаршии, кафулиња и рестораните, а се бара и кревет повеќе во хотелските и во кај приватните сместувачки капацитети. Слична е слика и на плажите. Охрид и Струга го живеат шпицот на туристичката сезона. Пред Илинденскиот викенд по традиција ги наполни двата езерски града.

Бројните ноќни забави, фестивали, музичко-сценски перформанси во овој период од годината дополнитечно ги привлекуваат вниманието на многубројните домашни и странски туристи кои, покрај тоа, уживаат и во природните убавини, културните знаменитости и чистата езерска вода на охридско-струшката ривиера. Покрај домашните, најбројни се туристите од соседството, Холанѓани, Полјаци, Турци, итн.

Но, јавната свест кај дел од нив е на ниско ниво. Тоа го покажува сликата која ја оставаат зад себе со купишта отпад, остатоци и амбалажа од храна и пијалоци. Екипите на јавните комунални претпријатија се постојано на терен, во три смени и со зголемен број вработени ги извршуваат работните задачи за чистење на јавните површини и одржување на хигиената.

„Зголемен е бројот на вработени кои извршуваат работни задачи во три смени, секојдневно се врши празнење на сите корпи за отпадоци од јавни површини, а зголемена е динамиката на празнење на контејнери со цела можна работна сила и расположлива механизација. Со оглед на тоа што во овој период е констатирана поголема гужва, поставени се поголем број контејнери и корпи за отпадоци посебно во централното градско подрачје и по езерскиот кеј“, информира јавното претпријатие „Охридски комуналец“.

Високите температури и големата гужва во градот ги зголеми повициите на Брзата помош. Со засилени тимови постојано интервенираат на колапси, инфаркти, но и пијани пациенти.

„Бројот на интервенции енормно е зголемен. Работиме со појачани тимови, а најчесто интервенираме на колапси, каснати од инсекти, инфаркти, инфузии, сообраќајни незгоди, како и на многу пијани, пред се млади лица. Најмладите алкохолизирани пациенти имаат само 16 години, а драстично е зголемен бројот и на Ковид позитивни“, изјави дежурниот доктор во Брзата помош за МИА.

За безбедноста во градот се грижи полицијата, со посебен фокус елиминирање на можностите за нарушување на јавниот ред и мир.

„Во пресрет на Илинденските празници, активностите на СВР Охрид ќе бидат насочени кон одржување на, и онака, стабилната безбедносна состојба на целото подрачје, со посебен фокус на јавниот ред и мир, пронаоѓање на сторители на кражби по плажи и домови и подигнување на безбедноста во сообраќајот и поставување сообраќајни пунктови на сите сообраќајници во градот, приградските и туристичките населби а посебно на авто патот во изградба Охрид-Кичево. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, континуирано презема мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот“, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Извор: www.novatv.mk 

Посетеност: 111
Share
Previous Post

Дали е лошо да се јаде истата храна секој ден?

Next Post

И чесниот човек можете да го купите, само морате чесно и да платите

Next Post
И чесниот човек можете да го купите, само морате чесно и да платите

И чесниот човек можете да го купите, само морате чесно и да платите

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 111

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk