Преговорите меѓу четирите политички партии од понеделникот се во прекин.
Партиите не можат да се согласат околу комплетирањето на составот на специјалната обвинителка, а нема договор ниту за надлежностите на новите министри од СДСМ ниту за законот за бомбите.
Главен проблем се и ингеренциите на министерот за внатрешни работи. Тој треба да биде избран на предлог на СДСМ одобрен од другите партии.
За овие прашања нема компромис,а ниту пак време за тоа. И последната полноќна средба во петокот помина без никаков договор.
Меѓународните претставници веќе ги „искараа” нашите политичари и велат дека се разочарани од текот на преговорите.
Посредникот Питер Ванхауте рече дека ако до почетокот на номеври не се постигне договор, тогаш прашање е дали ќе има избори во април. Тоа ќе значи дека договорот од Пржино „ќе падне во вода”, нешто што скапо ќе ја чини Македонија.
На државата и се заканува меѓународна изолација, како што се случи со Белорусија.
анхауте рече дека ако преговорите се прогласат за пропаднати, Македонија ќе се соочи со меѓународи санкции и изолација, и најверојатно ќе ја изгуби и препораката за почнување преговори за членство во ЕУ.
За кршењето на договорот ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обвинуваат меѓусебно.
СДСМ ја обвини владечајката партија ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Груевски за опструкција на преговорите. Од партијата велат дека договорот беше прекршен во моментот кога не беше комплетиран составот на специјалната јавна обвинителка
Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека СДСМ излегува со нови барања и дека треба договорот да се почитува онака како што е потпишан.
Дали договорот од Пржино ќе се испочитува или ќе се прогласи за неуспешен, најверојатно ќе се знае утре, бидејќи во вторник Европската комисија треба да го затвори извештајот за напредокот на земјава.
Извор: faktor.mk 25.10.2015