• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 13, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Што ќе донесе новото издание на „Охридско лето“?

јуни 13, 2016
in Култура

На програмата на годинашното „Охридско лето“ се предвидени преку 50 музички настани, девет театарски претстави, пет изложби и осум филмови од богатата кинематографска ризница на „Вардар филм“.

Годинашното 56. издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде отворено со концерт на светски познатиот мецосопран Елина Гаранча од Летонија. Гаранча на Античкиот театар ќе настапи со оркестарот на Македонската опера и балет со кој ќе диригира Ион Марин од Австрија.

IMG_4366

– Уверена сум дека на 12 јули на Античкиот театар ќе бидеме сведоци на едно врвно уметничко претставување кое ќеја освои и стручната јавност и македонската публика, рече на денешната прес-конференција во Охрид министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Што се однесува до концептот на фестивалот, директорот на „Охридско лето“ Оливер Арсовски рече дека иако нема многу што да се менува направен е обид за воведување содржини кои ќе бидат привлечни и атрактивни за пошироката публика во делот на дополнителна програма.

IMG_4341

– Како новини кои ги планираме ќе бидат и одредени уметнички активности што би се реализирале на охридските сцени во текот на целата година, надвор од вообичаениот фестивалски термин: настапи на црковни хорови за време на позначајните верски празници, новогодишни свечени концерти, манифестации кои би се реализирале во време кога во Охрид има позначаен број туристи, изјави Арсовски.

На програмата на годинашното „Охридско лето“ се предвидени преку 50 музички настани, девет театарски претстави, пет изложби и осум филмови од богатата кинематографска ризница на „Вардар филм“. Македонија и Охрид годинаваќе бидат домаќини на вкупно 800 уметници, изведувачи и автори од 18 земји во светот.

Селекторката на музичката програма Гордана Јосифова-Неделковска истакна дека и оваа година продолжуваат заложбите во текот на сите 40 фестивалски денови „Охридско лето“ да понуди квалитетна и атрактивна програма со врвни светски уметници.

IMG_4340_1

– На концертните вечери во програмата на 56 издание на фестивалот ќе имаме можност да чуеме некои од најголемите и најзначајните уметници на денешницата како Елина Гаранча, Максим  Венгеров, Вадим Рјепин, Артуро Сандовал, Фазил Сеј, Ана Веницкаја, Роман Симовиќ… Настапите на овие големи светски уметници ни даваат право ова фестивалско издание да го насловиме како „Со музичките легенди“, рече Јосифова-Неделковска.

Фестивалот „Охридско лето“ е еден од најголемите промотори и афирматори на македонската уметничка музика, но и на македонските композитори и изведувачи. Секоја година, на својата програма Фестивалот вклучува и врвни домашни изведувачи, кои стојат рамо до рамо со оние светските. Тука Неделковска ги посочи концертите на „Дуото Кировски“, виолинистот Џафер Џафери, на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, македонските уметници со светско реноме Ана и Игор Дурловски кои заедно со Македонската филхармонија под диригентската палка на Маестро Борјан Цанев, ќе изведат обработки на македонски духовни и народни песни направени од македонскиот композитор Сони Петровски…

– За концертот на 4 август по повод роденденот на фестивалот, после незаборавните концерти на Роби Лакатош, Немања Радуловиќ, Ховард госпел хорот, оваа година прв пат ќе се реализира роденденски концерт со познат македонски уметник, виртуозот на гитара Дамјан Пејчиновски, кој што се повеќе ја освојува меѓународната сцена, заедно со своето трио, рече Јосифова-Неделковска.

IMG_4327

Покрај учеството на големите светски уметници и ансамбли, оваа година „Охридско лето“ ќе биде препознатливо и по „Летната академија“ која ќе се реализира во рамките на фестивалот. Голем број млади музичари од Македонија и пошироко ќе имаат можност да бидат дел од семинарите предводени од големите музички легенди. Вистинска привилегија за нив ќе биде да се соработува со виолинистите Максим Венгеров, Роман Симовиќ, Вадим Рјепин, виолончелистот Марк Копе, трубачот Артуро Сандовал и хармоникашот Јури Шишкин.

– Длабоко верувам дека со реализирањето на годинашната „Летна Академија“, фестивалот „Охридско лето“ ќе даде придонес кон остварувањето на идејата, градот Охрид да биде препознатлив не само како град на туризам и уметност, туку и како универзитетски град, рече Јосифова-Неделковска.

Што се однесува на драмскиот дел од фестивалот, селекторот Ѓорѓи Јолевски соопшти дека речиси половина од програмата за годинашното издание на „Охридско лето“ е посветена на великанот на драмската уметност Вилијам Шекспир, како одбележување на 400-годишнината од смртта на светски најпознатиот театарски гениј.

IMG_4481

– Мотото на годинашната програма е „славејќи го Шекспир ја славиме слободата“. Во тој контекст неговите дела „Магбет“, „Сонети“, „Комедија на грешки“ и „Ноќ спроти водици“ од различни страни на светот, на различни јазици и од различни култури ќе ги освојат сцените на Долни Сарај и предворјето на Света Софија како совршени театарски простори во  Охрид, рече Јолевски.

Додаде дека на годинашното „Охридско лето“ вљубениците во театарот уште ќе можат да го видат и најновото остварување на режисерот Александар Баргман од Русија кој го поставува Ремарк со делото „Бар Ремарк“, потоа Јернеј Лоренциј со „Спобудалената локомотива“ на Виткиевич, Хоријаш Суру со „Арт оркестар“, Маргарита Младенова и Иван Добчев со проектот „Гогољ“.

Завршницата на 56-тото издание на „Охридско лето“ ќе биде со концерт на театарска музика, своевиден алхемиски проект „На светов убавина“ на Горан Трајковски, кој преку симбиоза на театарот и музиката ќе ги презентира своите музички театарски креации од последната декада.

Инаку, Амбасадата на Кралството Шпанија во Македонија го номинираше фестивалот „Охридско лето“ за престижната награда „Princess of Asturias Awards“ на чија листа на лауреати се големи и значајни имиња како Френсис Форд Копола, Рикардо Мути, Леонард Коен и други личности од различни општествени сфери. Оваа номинација доаѓа по исклучителното гостување на оперскиот спектакл, кантатата „Кармина Бурана“ на продукциската куќа „Ла Фура Делс Баус“ од Шпанија минатата година.

Присутните ги поздрави и за значењето на фестивалот „Охридско лето“ градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески , рече: 

-„Охридско лето“ претставува континуитет и нераскинлив дел од нашето богато духовно и културно наследство што сите нас не прави горди и не обврзува. Повеќе од 5 децении фестивалот и градот Охрид претставуваат времен дом  на врвни светски имиња од областа на музиката и  театарската уметност коишто по нивните настапи ја шират  убавата охридска приказна насекаде во Светот. Како такви истите претставуваат  најголеми амбасадори  и на Р. Македонија  и на градот Охрид и тоа не само како лулка на цивилизацијата и културен центар  туку и како атрактивна туристичка дестинација. Свесни за тоа со години наназад градот Охрид и граѓаните го поставија фестивалот „Охридско Лето“  високо на врвот на приоритетите  во делот и на  културата и на туризмот. Ние  како Локална власт ќе дадеме се од себе и  во логистичка и во финансиска смисла фестивалот и годинава да помине на највисоко можно ниво што од друга страна и престојот на самите уметници ќе го направи незаборавен  во Охрид, а за возврат уверен сум дека од нивна страна ќе добиеме врвни перформанси кои ќе бидат дел од светската репродуктивна уметност . Цивилизациската придобивка или улога на уметноста е да биде најголем архитект  на соживотот и заедничката  соработка  помеѓу народите и државите, а уметниците да бидат медијатори на  мирот и разбирањето меѓу нив. Од тие причини низ годинешната богата програма која  ја подготвија драмскиот и музички  селектор  заедно со менаџментот на фестивалот и со Министерството за култура до кое изразувам јавна благодарност  низ бројните музичко сценски настапи, низ театарските претстави , уверен сум дека овие цивилизациски пораки ќе бидат раширени  од градот  Охрид насекаде низ Светот- подвлече Бакрачески.
 

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 69
Share
Previous Post

Во Охрид започна iProceeds конференција на Европска Унија и Совет на Европа за Југоисточна Европа и Турција

Next Post

Видете ја и слушнете ја Елина Гаранча- мецосопран- на 12 јули таа ќе го отвори „Охридско лето

Next Post

Видете ја и слушнете ја Елина Гаранча- мецосопран- на 12 јули таа ќе го отвори „Охридско лето

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 69

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk