Ова е последната понуда на филмови на редовниот кино репертоар во оваа 2018 година односно последниот избор од десет филмови кои на кино репертоарот ќе се најдат до крајот на оваа година.
Фрлајќи летимичен поглед врз изминатиот и денешниов преглед на понудените филмови за овој декември се доаѓа до заклучок дека како ретко досега овој декември не понуди филмови од кои се очекува да станат вистински блокбастери. Едноставно овој декември не понуди ниту еден филм од ризницата на стриповите на Марвел што преставува вистинско изненадување.
Колку пак филмовите за кои овојпат ќе говориме ќе го привлечат вниманието на гледачите ќе дознаеме наскоро.
АКВАМЕН
Аквамен ја открива приказната во која младиот Артур Кари дознава дека е престолонаследник на подводното царство на Атлантида и ќе мора да истапи пред другите, за да ги води своите луѓе и да стане херој на светот.
Оваа акциона суперхеројска авантура го прикажува волшебниот подводен свет на Седумте мориња: Во него актерот Џејсон Момоа кој го портретира насловниот лик тргнува во патување на неговиот живот во текот на кое се враќа во Атлантида за да го спаси својот народ и открива дека е роден за да биде крал.
Во филмот покрај Момоа настапуваат уште и:Патрик Вилсон, Долф Лундгрен, Никол Кидман, Амбер Хеард и многу други.
Буџетот на филмот изнесувал 160 милиони долари а во неговата реализација била вклучена и македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х која изработила околу 200 кадри. Во овој проект работале 70 артисти во периодот од мај до октомври оваа година. Режисер на филмот е Џејмс Ван.
БАМБЛБИ
Се работи за научнофантастичен филм во режија на Тревис Најт во кој настапуваат:
Хели Стенфилд, Јорг Лендеборг, Рејчел Кроу, Памела Адлон и други.
Дејствието на филмот се одвива во 1987 година кога Бамблби наоѓа засолниште на отпадот во мал калифорниски крајбрежен град. Чарли, девојка која наскоро ќе наполни 18 години, се обидува да го пронајде своето место во светот, и на отпадот го наоѓа оштетениот и расипан Бамблби. Откако ќе го поправи сфаќа дека тој не е само обична VW буба.
СЕГА ИЛИ НИКОГАШ
Филмот преставува романтична комедија во стилот на некогашната мошне популарна комедија„ Вработена девојка“, во која главната улога ја толкува Џенифер Лопез.Таа го игра ликот на 40 годишната Маја Варгас која веќе цели 15 години е вработена во трговијата Биг Бос и која се бори со фрустациите кои се последица на нејзините неисполнети сништа. Работите се менуваат од моментот кога таа ќе тргне во преиспитување на своите животни одлуки и ќе одлучи да го помени својот стил на живеење за да докаже дека титулата и дипломата која ги стекнала во колеџ не се пресудни за успех.Со помош на фалсификувана диплома, лажно Си Ви и лажен фејсбук профил,добива можност да се докаже на Медисон авенијата ( место кое низ историјата било дом на многу огласувачки агенции , а од 1920 година преставува синоном за за американската огласувачка индустрија и симбол за рекламните идеи)
Единствен проблем е тоа дека таа за новата работа нема никаков поим, а освен тоа таа мора да поработи и на својот стил на однесување…
Главните улоги покрај Лопез ги толкуваат уште и Леа Ремини, Мило Вентимилиа , Трет Вилијамс и Ванеса Хаџенс. Режисер на филмот е Петер Сегал.
ВРАЌАЊЕТО НА МЕРИ ПОПИНС
Во Дизниевото „Враќањето на Мери Попинс“, Емили Блант ја глуми совршената дадилка со уникатни магични вештини која дури и рутинските задачи може да ги претвори во незаборавни, фантастични авантури. Во ова најново продолжение кое поседува нова свежина, но се води по духот на оригиналната верзија, Мери Попинс се враќа како би помогнала да новата генерација на семејството Банкс, повторно да ја пронајде радоста која се изгубила во нивните животи.
Главните улоги во филмот кој како режисер го потпишува Роб Маршал, покрај Емили Блант ги толкуваат уште и Ли – Мануел Миранда, Мерил Стрип и Бен Вишоов.
Повозрасните сигурно се сеќаваат на оригиналниот филм „ Мери Попинс“ од 1967 година во кој главната улога ја толкуваше Џули Ендрјус.
Филмот има четири номинации за наградата Златен Глобус , меѓу другите и за најдобар филм во категоријата комедија/ мјузикл, најдобра женска улога за Емили Блант и најдопбра женска споредна улога за Лин- Мануел Миранда.
МЕЃУ СВЕТОВИТЕ
Филмот преставува напнат натприроден трилер мистерија во која познатиот актер Николас Кејџ го портретира ликот на Џо, возач на камион кого го прогонуваат спомените на неговата почината сопруга и ќерка. Неговиот живот добива драматичен заплет одкако ќе ја запознае Јулија ( Франка Потенте) , жена со таинствена спиритуална моќ чија ќерка Били(Пенелопа Мичел се наоѓа во кома.Џулија бара помош од Џо за Били да не почине, но кога таа ќе се пробуди од кома , нејзиното тело го опседнува осветољубивиот дух на починатата сопруга на Џо.
Филмот како режисер го потпишува Мариа Пулера.
ХОЛМС И ВОТСОН
Популарниот лик Шерлок Холмс од романите на Артур _Конан Дојл , досега на филмското платно го одиграле голем број на познати актери.
Најновата екранизација е во продукција на компанијата Сони Пикчерс. Се работи за комедијата „ Холмс & Вотсон“во која во главните улоги се појавуваат Вил Ферел во ликот на Шерлок Холмс и Џон Си Рајли во ликот на докторот Вотсон.
Во филмот се појавуваат уште и Хју Лори и Ралф Фајнс, а филмот донесува комичен поглед на карактерите кои ги создаде познатиот писател Дојл.Режисер и сценарист на филмот е Итан Коен.
ЗАМЕНИК
Филмот „ Заменик“ ја донесува приказната за за Дик Чејни (Кристијан Бејл), скромен бирократски инсајдер на Вашингтон, кој тивко ја користеше огромната моќ како потпретседател на Џорџ В. Буш, преобликувајќи ја Америка во светот што сè уште го чувствуваме и денес.
Режисер на филмот е Адам Мек Кеј а главните улоги ги толкуваат: Кристијан Бејл, Ејми Адамс, Стив Карел, Сем Роквел, Алисоин Пил и други.
Филмот неодамна доби дури шест номинации за наградите Златен Глобус:За најдобар филм комедија/мјузикл, најдобра режија,сценарио, најдобра машка улога во комедија/ мјузикл за Кристијан Бејл и за најдобра женска споредна женска и машка епизодна улога за Ејми Адамс и Сем Роквел.
РАЗУЗНАВАЧ
Шпионските филмови одсекогаш биле интересни за публиката. Таков се очекува да биде и филмот „ Разузнавач“ во режија на Карин Касама во кој главните улоги ги толкуваат:Никол Кидман, Тони Кебел, Татиана Маслани, Себастијан Стен , Бредли Витфорд и други.
Никол Кидман , која е такаречи непрепознатлива, го портретира детективката на ЛАПД
Ерин Бел која преживеала нервен слом по долготрајната тајна задача во чии рамки била инфилтрирана во една калифорниска банда.Таа сеуште некако ја извршува работата како детективка а во една прилика се приклучува на своите колеги при еден увид.На местото на злосторството , на трупот таа ќе забележи две вознемирувачки работи- три црвени кругови на задната страна од вратот и крвава хартиена банкнота.Таа ќе свати дека Силос, водачот на бандата во која била инфилтрирана ,се вратил и дека ќе биде принудена повторно да се поврзе со криминалците за конечно да се соочи со демоните кои го уништиле нејзиното минато.
ВРЗ ОСНОВА НА СЕКС
Се работи за вистинска приказна односно за биографски филм кој говори за
Рут Бадер Гинзбург и нејзиниот пат да стане врховен судија за прада на САД.Режисер на филмот е Мими Ледер која своевренено престојуваше во Охрид кога го снимаше својот прв игран филм „ Миротворец“во 1997 година.
Главните улоги во филмот ги толкуваат:Фелисти Џонс, Арми Хамер, Џастин Теро, Сем Вотерсон, Кети Бејтс…
СТАН И ОЛИ
И Филмот „Стан и Оли“ преставува вистинска приказна односно биографски филм за најголемата комичарска двојка во Холивуд Стен Лори и Оливер Харди. Главните улоги ги толкуваат Стив Куган и Џон Си Рајли а во филмот се говори за нивната проштална турнеја во Велика Британија и Ирска која била мошне лошо посетена а и нивните меѓусебни односи не биле најдобри.
Филмот својата светска премиера ја имаше на 62 то издание на Лондонскиот филмски фестивал на 21 октомври оваа година.
Режисер на филмот е Џон Баирд.Актерот Џон Си Рајли има номинација за нагрдата Златен Глобус за улогата во овој филм каде го толкува ликот на Оливер Харди.
Ѓоко Симјаноски , Публицитет.мк