• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, мај 20, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Што ќе гледаме во јули?

јули 7, 2018
in Филмољубие
Што ќе гледаме во јули?

Вообичаено е за летните месеци кинорепертоарот да биде составен од филмови кои по својата содржина на гледачите треба да им донесе забава  и релаксација. Одтаму и не зачудува  бројот на филмови кои ги имаат токму тие атрибути.

Овој месец на репертоарот ќе се најдат филмови за сите возрасти и вкусови а некои од нив се очекува да станат вистински блокбастери.Ние направивме избор од десет филмови кои веруваме дека ќе предизвикаат интерес кај публиката . Воедно ова нека биде некој вид на препорака , доколку имате можност,да видите некој од нив.

capture 20180707 201100

ЕНТМЕН И ОСАТА
Во 2015 година од Марвеловата стриповска ризница на филмското платно се појави јунакот „ Ент мен“ кој ги освои срцата на гледачите особено на оние кои ги сакаат стриповските јунаци на стриповите на Марвел.Филмот како режисер го потпиша Пејтон Рид кој  со буџет од 130 милиони долари направи филм во кој настапија Пол Руд во ликот на главниот јунак „ Човекот мравка“. Филмот заработи 520 милиони долари , што беше причина истата екипа три години подоцна да го направи продолжението именувано како „Ентмен и осата“.

По „Капетан Америка: Граѓанска војна“, Скот Ланг се бори со последиците од неговиот избор како супер херој и татко. Додека се бори да го избалансира својот живот како татко и како Ентмен, Хоуп ван Дин и доктор Хенк Пим го испраќаат во нова итна мисија. Скот мора уште еднаш да го облече костумот и да научи да се бори заедно со Осата како тим што работи заедно за да ги открие тајните од своето минато.

Во филмот покрај Пол Руд настапуваат уште и Евангелина Лили, Мајкл Даглас, Мишел Фајфер, Лоренс Фишбурн и други.

 capture 20180707 201142

ОБЛАКОДЕР

Повозрасните љубители на филмот сигурно се се сеќаваатна филмот „ Пеколниот облакодер“ таму некаде од седумдесетите години од изминатиот век како и на филмот „ Умри машки“ со Рус Вилис во главната улога кој доживеа уште неколку продолженија.

Во месец јули љубителите на акционите филмови во поджанрот катастрофи , ќе имаат можност да го видат спектаклот „ Облакодер“ кој преставува некаков микс на двата предходно споменати филма. Разбира се, сега улогите им се доверени на актерски ѕвезди кои се актуелни денес.

Светската икона Двејн Џонсон ја предводи актерската екипа на „Облакодер“ на Леџендари како бивш водач на тим на ФБИ за спасување заложници и воен ветеран на САД Вил Соер, кој сега проценува безбедност на облакодери. На задача во Кина открива дека највисоката, најбезбедната зграда на светот одеднаш се пали и тој е обвинет за тоа. Како баран човек во бегство, Вил мора да ги открие одговорните, да си го исчисти името и некако да си го спаси семејството кое е заробено во зградата… над линијата на огнот. Напишан и режиран од Росон Маршал Тарбер (Тајни Агенти, Ние сме Милерови), 3Д акциониот трилер е продуциран од Бо Флин (Сан АНдреас, Чувари на плажа), Џонсон, Тарбер и Хирам Гарсија (Сан Андреас, Тајни Агенти). Извршни продуценти на Облакодер се Дени Гарсија (Чувари на плажа, Играчи), Венди Џејкобсон (Сан Андреас), Ерик МекЛеод (Конг: Островот на черепите, серијата Пирати од Карибите) и Ерик Хедајат (Големиот Кинески Ѕид, Вистински челик).

Во филмот покрај Двејн Џонсон настапуваат уште и Нев кембел, Пабло Шрајбер, Бајрон Мени други.

 capture 20180707 201215

ХОТЕЛ ТРАНСИЛВАНИЈА 3 : ОДМОРИТЕ ЗАПОЧНУВААТ

Во 2012 година режисерот Генди Тартаковски го режираше компјутерски анимираниот филм „ Хотел Трансилванија“ во кој главните јунаци се Дркула и неговите другари кои живеат во хотелот Трансилванија. Филмот доживеа солиден успех што беше причина истата екипа да го создаде и второто продолжение кое пред гледачите излезе во 2015 година . И еве сега по три години истата екипа го направи и третото продолжение насловено како „ Хотел Трансилванија 3 со поднаслов „ Одморите започнуваат“

Овојпат, Чудовишното семејство заминува на одмор на луксузен монструозен брод, па Дракула може да оди на летен одмор и конечно да се одмори од својот хотел. Патувањето се одвива нормално за групата на Дракула, вклучувајќи се во сите активности што ги нуди патувањето, од одбојка и луксузни екскурзии се дури до добивање тен од Mесечина. Но, одморот од соништата се претвора во кошмар кога Мавис сфаќа дека Дракула се заљубува во мистериозниот капетан на бродот, Ерика, која крие опасна тајна што може да ги уништи сите монструми.

Режисер на филмот , повторно е Генди Тартаковски агласовите на главните јунаци повторно им ги позајмуваат актерите:Адам Сендлер, Селена Гомез, Енди Самберг и Генди Тартаковски.

 capture 20180707 201248

МАМА МИА! ОДИМЕ ПОВТОРНО

Десет години откако филмот Мама Миа заработи над 600 милиони долари ширум светот, поканети сте да се вратите на магичниот грчки остров Калокаири во новиот оригинален мјузикл базиран на песните од АББА. Со оригиналната филмска екипа и новите членови, меѓу кои и Лили Џејмс (Пепелашка, Возач), музичката комедија ќе започне со прикажување во јули. Продуценти на „Мама миа! Одиме Повторно“ се Џуди Крејмер и Гери Гецман,инаку  продуцентите и  на оригиналниот филм. Крејмер е и творец и продуцент на светскиот театарски мегахит мјузикл. Ол Паркер, сценаристот на „Најдобриот Егзотичен Мериголд Хотел“ го напиша  и  горежира продолжението според приказната на Кетрин Џонсон, Ричард Кертис и Паркер. Бени Андерсон и Бјорн Улвеус се враќаат да работат на музиката и текстовите и како извршни продуценти. Том Хенкс, Рита Вилсон, Филида Лојд, Ричард Кертис и Ники Кентиш Барнс исто така се извршни продуценти. Во истите улоги како во филмот Мама Миа! се оскаровката Мерил Стрип како Дона, Џули Вотерс како Роузи и Кристин Варански како Тања. Аманда Сејфрид и Доминик Купер се повторно заедно како Софи и Скај, а Пирс Броснан, Стелан Скарсгард и оскаровецот Колин Фирт повторно ги играат трите можни татковци на Софи: Сем, Бил и Хери. Алекса Дејвис ( Прекрасен млад ум) и Џесика Кинан Вин ( Бродвејска убавица) Младиот Сем ќе го игра Џереми Ирвин ( Воен Коњ), младиот Бил е Џош Дилан ( Сојузници), а младиот Хари е Хју Скинер ( Убиј ги своите пријатели).

Треба се напомене дека дел од филмот изминатата година се снимаше на локации во Хрватска поточно на островот Вис каде екипата предводена од актерите Пирс Броснан и Аманда Сејфилд цели, 24 дена потпомогнати од учеството на 270 ангажирани филмски работници и статисти снимаа дел од филмот на овој остров кој го замени грчкиот остров Калакоири.

 capture 20180707 201323

НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: ПОСЛЕДИЦИ

Кон крајот на јули, поточно на 27, јули премиера ќе вдоживее петтото продолжение на филмот „ Невозможна мисија“ овојпат со поднаслов „Последици“.

Во филмот Том Круз повторно се враќа во улогата на легендарниот агент Итан Хант.Филмот го следи Хант и неговиот тим и неговите сојузници во трката против времето по што нивната најнова мисија ќе тргне во погрешна насока

Инаку, франшизата “„ Мисија невозможна “ започна во 1966 година како тв серија на СИБИ ЕС која доживеала седум сезони со вкупно 171 епизода.На малечките екрани повторно се вратила во 1988 година како рибот серија овојпат во продукција на телевизијата ЕЈБИСИ , но не наишла на добар прием кај публиката.Затоа била прекината по само две сезони од своето прикажување.

Такаречи десет години подоцна , Том Круз под режисерската палка на Брајан Де Палма го снима играниот филм „ Мисија невозможна“кој преставува изворна адаптација на телевизиската серија. По успехот на филмот следуваа продолженија кои ги режираа Џон Ву, Џи Џи Абрамс и Бред Бирд.

Во најновата авантура на агентот Хант покрај Том Круз настапуваат уште и: Ребека фергусон, Џереми Рене, Мишел Монахан, Ангела Басет, Сајмон Пиг, Алек болдвин, Вес Бентли, Винг Рејмс и други.Режисер на филмот е Кристофер Меквири.

 capture 20180707 201356

ПРАВЕДНИК 2

Како и оригиналниот филм, „ Праведник 2“ е темелен врз истоимената серија од 80 тите коа била емитувана цели четири сезони и во чија една епизода играла и актерката Мелиса Лео, која се појавува и во овој филм.Освен неа и Дензел Вашингтон во филмот настапуваат уште и Педро Паскал и Бил Пулман кој настапи и во првиот филм како и многу други актери.

По првиот филм „ Праведник “ од 2014 година во кој публиката се запозна со Роберт Мек Кол ( Вашингтон), некогашниот припадник на специјалните единици кој ја лажира сопствената смрт за остаокот од животот да го помине во мир што на крајот нема да му појде од рака, во продолжението „ Праведник 2“, Мек Кол продолжува да го работи она што најдобро го знае – да се бори за правдината и да ги спасува оние на кои им е потребна помош. Кога неговата некогашна шефица и единствена вистинска пријателка ќе му ја киднапираат и убијат во организирана завера, Мек Кол тргнува во одмазда.

Режијата повторно ја потпишува Ентони Фукуа , додека сценариото е дело на Ричард Венк.

 capture 20180707 201448

ВИТНИ

Документарниот филм „ Витни“ на шкотскиот режисер Кевин Мек Доналд, својата светска премиера ја имаше на годинешниот Кански филмски фестивал.

Филмот на Мек Доналд донесува многу непознати факти од минатото на пеачката Витни Хјустон, вклучувајќи го и можното сексуално злоставување во нејзината младост. Но, шкотскиот режисер не се задржал само на озборувањата . Неговиот филм се обидува да ја смести Витни Хјустони во контекст на американската култура и идеологија , обидувајќи се да објасни зошто привидниот беспрекорен имиџ кај Хјустон бил толку важен, и зошто падот на идеална двојка бил толку тежок и тажен.

Иако Мек Доналд во филмот го отвора прашањето за расната  и идеолошката улога на Витни Хјустон, која не е без противречности – режисерот на филмот е склон да и ја даде таа политичка важност.

Во завршницата на филмот тој ја брани тезата дека за црната Америка , и покрај се, било важно да добие поп ѕвезда прифатена од широките народни маси.Ова и големиот број на песни за паметење, за режисерот Мек Доналд остануваат трајно наследство на Витни Хјустон.

 capture 20180707 201539

ГОГЕН :ПАТУВАЊЕ ДО ТАХИТИ.

Филот преставува една епизода од животот на познатиот француски сликар Пол Гоген

кој се чувствувал изнемоштен од атмосферата што преовладува во Париз во 1891 година. Околу него, сè било толку вештачко и конвенционално: Нему му требала  автентичност за да ја обнови својата уметност. Откако не успеал да ја убеди неговата сопруга Мете и неговите пет деца да го следат, тој самиот тргнува за Тахити.

 Откако стигнал  таму, тој избира да се смири во Матаиера,  едно село далеку од Папете, сместувајќи се и живеејќи  во домашна колиба. Наскоро започнува да работи страсно, сликарство и резба во стил близу до примитивната уметност специфична за островот. За време на својот двегодишен престој, уметникот ќе доживее сиромаштија, проблеми со срцето и други непријатности, но и среќа во рацете на Техура, убава млада девојка.

Ликот на славниот уметник го толкува познатиот француски актер Винсент Касел а во останатите улоги настапуваат Тихеи Адамс, Малик Зиди, Пернил Бергендорф и други.

Филмот бил реализиран на ликации во париз, Тахити и француска Полинезија.

Филмот премиерата ја имал во септември изминатата година во Франција а во САД ќе започне да се прикажува од 11. Јули.

 capture 20180707 201608

ШОК И СТРАВОПОЧИТ

Навистина е голем бројот на филмови во кои се говори за улогата на новинарите во политиката . Некои од нив се направени според вистински настани а неколку од овие филмови се закитија и со највисоките филмски награди.

Режисерот Роб Рајнер,досега како режисер потпишал дваесетина играни филмови а меѓу нив и неколку кои се занимаваат со политиката во највисоките кругови на власта. Само да се потсетиме дека тој ги потпиша филмовите : „ Пет добри луѓе“, „ Духовите од Мисисипи“ и „ Ел Би Џи“.

Неговиот последен филм „ Шок и стравопочит„ премиерата треба да ја доживее на 13. Јули. Во филмот се говори за една група новинари што ја покрива планираната инвазија на Џорџ Буш во Ирак во 2003 година, кои се скептични за тврдењето на претседателот дека Садам Хусеин има “оружје за масовно уништување”.

Филмовите на Роб Рајнер се одликуваат меѓу другото и по тоа што во нив секогаш настапуваат голем број на познати филмски ѕвезди . Таков е случајот и во овој филм во кој настапуваат Џејмс Мардсен, Џесика Бил, Вуди Харелсон, Мила јовович, Томи Ли Џонс… Една од главните улоги толкува и самиот режисер Роб Рајнер кој во досегашната кариера како актер настапил во повеќе од 70 филмови и телевизиски проекти.

 capture 20180707 201651

ПОКРИЕНОСТ НА ДАМАСК

Филмот „ Покриеност на Дамаск“ преставува политички трилер кој е темелен врз истоимениот роман на на Хауард Каплан од 1977 година.

Филмот е во режија на Даниел Зелик а главните улоги ги толкуваат: Џонатан Рис Мајерс, Оливија Тирлби, Јирген Прохнов, Игал Наор, Навид Негабан и Џон Херт.

Филмот говори за еден шпион кој се движи низ неизвесниот терен на љубовта и преживување за време на една прикриена мисија во Сирија.

Интересно е да се каже дека ова беше последната улога на актерот Џон Херт . Филмот е посветен во сеќавање на него.

Инаку,филмот ја имаше својата светска премиера на Бостонскиот филмски фестивал на 23 септември 2017 година а во кино салите доаѓа на 20.јули .

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 58
Share
Previous Post

АЛПОЈО – Охрид: Пченицата е извор на здравје и виталност

Next Post

Општина Дебрца беше домаќин на поетите, учесници на книжевна манифестација “Струшки книжевни средби – 2018

Next Post
Општина Дебрца беше домаќин на поетите, учесници на книжевна манифестација “Струшки книжевни средби – 2018

Општина Дебрца беше домаќин на поетите, учесници на книжевна манифестација “Струшки книжевни средби – 2018

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 58

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk