Месец јуни календарски, преставува збогување со пролетта и добредојде за летото.
Тоа е месец кога завршува учебната година и кога започнуваат годишните одмори , период кога има многу повеќе слободно време за разноразни слободни активности па и за одење во кино. Тоа многу добро го знаат филмаџиите заради што за љубителите на филмот подготвуваат богата филмска трпеза на која ќе се најдат филмови од сите жанрови и за сите возрасти. Понудата е навистина разноврсна . Ние направивме избор од седум наслови кои веруваме дека ќе го привлечат вашето внимание.
ПОДИВЕНО МОРЕ
Филмот “Подивено море” е базиран на инспиративна вистинска приказна за два слободни духа чија случајна средба прво ќе ги одведе во љубов а потоа во животна авантура. Кога двајцата страствени морнари, започнуваат патување околу океанот, Тами Олдхам (Шајдли Вудли) и Ричард Шарп (Сем Клафлин) не можат ни да претпостават дека ќе отпловат директно во еден од најкатастрофалните урагани во историјата. По бурата, Тами се буди и го наоѓа Ричард тешко повреден а бродот уништен. Без надеж за преживување, таа ќе мора да најде сила и решителност да се спаси себеси и единствениот човек што некогаш го сакала. „Подивено море“ е незаборавна приказна за издржливоста на човековиот дух и трансцедентната моќ на љубовта.
Режисер на филмот е исландскиот режисер Балтазар Кормакур , познат по неколку филмови кои ги направи во САД („ Еверест“, „ Два пиштоли“…).
Во оваа акционо авантуристичка драма покрај споменатите актери настапуваат уште и Грејс Палмер и Џефри Томас.
ОКЕАНОВИТЕ ОСУМ
По реализацијата на филмот „Тринаесетмината на Оушн“,режисерот Стивен Содерберг изјави дека нема да има ново продолжение од оваа триологија започната со „Единесетмината на Оушн“одкако Џорџ Клуни се откажал од овој проект а освен тоа во меѓувреме почина и актерот Берни Мек кој настапи во предходните филмови.Но, досетливите продуценти по сето ова сепак одлучија да направат филм кој ќе биде некакво продолжение на оваа триологија со тоа што направија женска верзија на овој филм.Филмот е именуван како „ Океановите осум“а како режисер го потпишува Гери Рос.
Сестрата на Дени Оушн,Деби Оушн,собира женска екипа за да изведат невозможен грабеж во ЊуЈорк во текот на одржувањето на годишната гала вечер..
Главните улоги во филмот ги толкуваат:Сандра Булок,Саманта Кокоза, Кејт Бланчет,Оливија Мун,Дакота Фенинг, Ен Хатавеј, Кети Холмс, Хелена Бонам Картер, Адријана Лима,Ријана… Мет Дејмон и Карл Рајнер ги репризираат своите улоги како
Линус Колдвел и Саул Блум од предходната тиологија.
Во филмот во камео улоги се појавуваат голем број на познати личности од светот на естрадата, модата и џет сетот: Ана Винтур, Александар Ванг, Ким Кардашијан, Марија Шарапова, Дерек Бласберг, Лорен Санто Доминго, Зајн Малик, Кендал Џенер, Адријана Лима, Хајли Болдвин, Серена Вилијамс, Кајли Џенер и Зак Позен .
Очекувањата од филмот се големи а дали ќе се остварат останува да видиме по неговата премиера на 8. Јуни.
СВЕТОТ НА ЈУРА:ПАДНАТОТО КРАЛСТВО
Научно фантастичниот авантуристички филм „ Светот на Јура:Паднатото кралство“е во режија на Џ.А.Бајона.Филмот преставува продолжение на филмот „Светот на Јура“ од 2015 година како второ продолжение од планираната триологија односно како петти филм од филмската серија за „Паркот Јура“.Извршен продуцент на филмот е идејниот творец на овој серијал, Стивен Спилберг.
Дејствието на филмот се одвива на измислениот остров Исла Ноблар,кој се наоѓа надвор од централниот дел на Американскиот Пацифички брег.Снимањето на филмот се одвивало од февруари до јули 2017 година во Англија и на Хаваи.
По падот на тематскиот парк Светот на Јура на островот Исла Ноблар, диносаурусите слободно се шетаат на островот четири години додека вулканската ерупција не го загрози нивното постоење. Клер Дора ,поранешниот управител на паркот, сега ја основал Групата за заштита на диносаурусите, организација посветена на спасување на диносаурусите. Таа го регрутира Овен Гради ,поранешен тренер за диносауруси кој работел во паркот, за да им помогне да ги спасат останатите диносауруси од островот. Овен, исто така, се обидува да го лоцира Блу, последниот преостанат дел од четирите преживари што ги обучи, но тој и Клер откриваат заговор што може да резултира со диносаурусите да станат доминантни видови на Земјата еднаш засекогаш.
Актрите ,Крис Прат, Брајс Далас Хауард и Б. Д. Вонг ќе ги репризаат нивните улоги од претходниот филм, заедно со Џејмс Кромвел, Тед Левин, Смит Смит, Џералдин Чаплин, Даниела Пинеда, Тоби Џонс, Рејфе Спал и Изабела Пропон. Познатиот актер Џеф Голдблум ќе ја повтори неговата улога како д-р Иан Малколм од оригиналниот филм и продолжението од 1997 година.
Предходниот филм „ Светот на Јура“ од 2015 година стана вистински блок бастер заработувајќи над една милијарда и шестотини и седумдесет милиони долари. Од таму и големите очекувања од продолжението кое во кино салите ќе стартува на 8.јуни.
НЕВЕРОЈАТНИТЕ 2
За љубителите на анимираните филмови посебна посластица на почетокот од ова лето сгурно ќе преставува компјутерски анимираниот филм„ Неверојатните 2“ кој преставува всушност продолжение на филмот од 2004 година . Зад ова продолжение стои истиот тим: режисерот и сценаристот Бред Бирд и актерите Семјуел Л. Џексон, Кетин Кинер, Холи Хантер кои им ги позајмуваат гласовите на главните јунаци.
Омиленото семејство на суперхерои се враќа во „Неверојатните 2“, но, овој пат, Хелен е во центарот на вниманието, оставајќи го Боб дома со Виолет и Даш да ги поминува секојдневните херојски обврски во еден „нормален“ живот. Ова претставува тешка транзиција за сите, уште потешка познавајќи дека семејството сеуште не е запознаено со фактот дека бебето Џек-Џек има супермоќи. Кога новиот негативец изведува опасен заговор, семејството заедно со Фрозон мора да најдат начин повторно да работат заедно – што е полесно да се каже отколку да се направи, дури иако се тие неверојатни.
ТИ БРКАШ !
Летниот период на кино репертоар обично нуди лесни филмови кои нудат добра забава и добро расположение. Еден од нив е секако комедијата „ Ти бркаш !“ на режисерот Џеф Томсик.
Годишно, по еден месец, пет пријатели кои сакаат да се натпреваруваат играат игра именувана како :“Ти бркаш” уште од прво одделение – ризикувајќи си ги работните места и нивните врски. Оваа година, играта се совпаѓа со венчавката на нивниот единствен непобедлив играч, што треба конечно да го направи лесна мета. Но, тој знае дека тие доаѓаат … и тој е подготвен. Филмот е снимен врз основа на вистинска приказна, и покажува колку далеку некои момци можат да отидат за да останат последниот слободен човек.
Во филмот главните улоги ги толкуваат:Анабел Волис, Џереми Рене, Џон Хам, Исла Фишер, Рачида Џонс, Џек Џонсон и други.
САКАНИОТ ПАБЛО
Филмот „ Саканиот Пабло“ говори за еден од најголемите наркобосови Пабло Ескобар. Приказната на филмот се случува во 1981 година,и говори за Вирџинија Валехо позната колумбиска новинарка и новинарка за телевизиски вести, која е поканета на ВИП-парти на ранчот на Пабло Ескобар, човек од низок сталеж кој добивал пари и моќ од трговија со дрога кој заедно со своите пријатели, станува нова генерација на богати луѓе од земјата. Заведена од неговата харизма, Вирџинија започнува страсна љубовна врска со Ескобар и покрај тоа што тој е семеен човек и е во брак со Марија Викторија. По 80-те години, Ескобар станал познат по обидот да го подобри животот на сиромашните луѓе во Меделин (главниот град на Колумбија) и да стане носител на политиката во колумбискиот конгрес, но Вирџинија започнала да ја открива вистинската моќ на Ескобар кој ја контролира империјата на криминал во Колумбија и на ширење на дрога цела територија на САД. Тоа ќе биде причина агентот на ДЕА Шепард да се заинтересира за неговиот бизнис. Тој започнал да контактира со Вирџинија во потрага по начин како да го спречи валканиот бизнис на Ескобар. Со помош на претседателот на Колумбија, Белисарио Бетанкур и во сојуз со САД направиле план како да го сопрат Ескобар и да го екстрадираат за да му се суди надвор од Колумбија…
Режисер на филмот е Фернандо Леон Де Араноа.Главните улоги во филмот ги толкуваат шпанската актерска двојка Хавиер Бардем и Пенелопе Круз.Улогата на агентот на ДЕА , Шепард , ја толкува актерот Петер Сарскаг.
СИКАРИО 2:ДЕН НА ВОЈНИКОТ
По успехот што го доживеа во 2015 година, филмот „ Сикарио“ доби свое продолжение чија премиера се очекува на 29. Јуни.
Новопечениот режисер и прекалениот сценарист Тејлор Шериден и сценаристот Стефано Солима го потпишуваат продолжението на успешниот филм „Сикарио“именуван како „ Сикарио 2 :Ден на војникот“.
Во продолжението се враќаат Беницио Дел Торо како мистериозниот платен убиец
Алејандро Гилики, Џош Бролин како сомнителниот агент на американската влада.
Сценаристот Шеридан ветува дека продолжението ќе биде десетоструко понесентиментален и брутален филм во однос на оригиналниот.
Во филмот покрај Бенисио Дел Торо и Џош Бролин настапуваат уште и Џефри Донован, Кетрин Кинир и Метју Модин.
Ѓоко Симјаноски. Публицитет.мк