• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, мај 21, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Што ќе гледаме во октомври? (1)

октомври 6, 2018
in Филмољубие
Што ќе гледаме во октомври? (1)

На кино репертоарот во октомври  ќе се најдат неколку интересни филмови од сите жанрови. Дел од нив ќе Ви преставиме во две продолженија.

 01

ВЕНОМ

“Веном” до сега на фановите на суперхероите им беше познат првенствено како главен негативец во филмовите за Спајдермен кој иако понекогаш е духовит и интересен и понатака остануваше спореден лик. Но, оваа година ќе видиме дека дури и негативците имаат две лица и дека понекогаш и зад најзлите се кријат големи херои. За никогаш поголемата популарност на најдрагиот негативец од стриповите на “Марвел” заслужен е неодоливиот Том Харди кој го игра главниот лик – Еди Брок, фоторепортер чиј живот се менува во моментот кога ќе стане домаќин на вонземјанин.

Кога Еди Брук во текот на едно свое новинарско истражување ќе стане домаќин  на едно вонземско суштество , тој ќе се претвори во Веном.Вонземјанинот во потполност го обзема и му ја одзема слободната воља. Правилата сега ги одредува некој друг, а секој отпор е залуден.Тие двајца стануваат едно, стануваат Веном – најпознатиот антијунак за кого не знаете дали треба да се плашите од него или тој можеби е вашиот спасител.

Веном во 1988 година го осмислиле писателот Дејвид Мишелин и цртачите Тод Мек Фарлин и Мајк Зек. Веном е вонземско суштество кому му е потребен човек за да може да преживее, но за возврат човекот добива неверојатна моќ.Иако ликот на Веном најпрвин бил замислен како негативец, тој подоцна, во одредени верзии, станува таканаречен антијунак а потоа и вистински херој. Филмот е инспириран со една од најдобрите приказни за Веном.

 Во филмот покрај Том Харди настапуваат уште и Мишел Вилијамс,Риз Ахмед, Џени Слејт и Вуди Харелсон.Филмот го режира Рубен Флејшер според сценариото напишано од Скот Розенберг и  Џеф Пинкер.

 

 02

ЅВЕЗДАТА Е РОДЕНА

Филмот „ Ѕвездата  е родена“ преставува романтичн музичка драма во режија на познатиот актер и продуцент Бредли Купер кој ја толкува и главната улога во овој филм каде негова партнерка е наградуваната музичка суперѕвезда Лејди Гага на која ова и е прва главна улога во некој филм.Интересно е да се спомене дека Бредли Купер освен како режисер и актер се потпишува и како сценарист и продуцент на овој филм.

Во оваа трагична љубовна приказна , Купер го портретира искусниот музичар Џексон Мејн кој утехата ја бара во алкохолот и дрогата бидејќи сватил дека се ближи крајот на неговата кариера.Но, се’ ќе се промени кога ќе ја открие а потоа и се вљуби во младата музичарка Али која сонува да стане популарна музичка ѕвезда.

Во филмот настапуваат уште и Ендрју Силверман, Дејв Чапел и Сем Елиот.

Лејди Гага во филмот изведува неколку нови песни кои ги напишала заедно со Купер и со уште неколку други музичари (Лукас Нелзон,Џејсон Избел и Марк Ронсон)специјално за потребите на филмот.

Инаку, филмот преставува римејк кој е темелен на истоимениот филм на Вилијам Велман од 1937 година . Филмот својот прв римејк го доживува во 1954 година а во главните улоги настапиле Џуди Гарланд и Џејмс Мејсон.По оваа верзија  во 1976 година е реализирана третата верзија во која настапуваат Барбра Стрејсенд и Крис Кристоферсон.

Филмот својата светска премиера ја доживеа на 31. август кога беше прикажан во званичната конкуренција по наградата „ Златен лав“ на годинешниот Венецијански филмски фестивал.

 

 03

ПРВИОТ ЧОВЕК НА МЕСЕЧИНАТА

По големиот хит „Ла Ла Ленд“ кој освои шест оскари, режисерот-оскаровец Демијан Шазел и ѕвездата Рајан Гослинг повторно работеа заедно на филмот „ПРВИОТ ЧОВЕК НА МЕСЕЧИНАТА“ на студиото Јуниверзал Пикчерс , неодоливата приказна за првата мисија на месечината со човечки екипаж, фокусирана на Нил Армстронг и деценијата што доведе до историскиот лет на Аполо 11.

Оваа интимна приказна е  раскажана од перспективата на Армстронг, споед книгата на Џејмс Р. Хансен . Филмот ги истражува триумфите и загубите на Армстронг, неговото семејство, неговите колеги и целата нација—на една од најопасните мисии во историјата. Напишана од оскаровецот Џош Сингер , оваа епската драма која говори за лидерство под притисок, за славата и трагедијата, е во продукција на Вик Годфри и Марти Боуен  заедно со Ајзак Клауснер и Шазел. Стивен Спилберг, Адам Меримс и Џош Сингер се извршни продуценти, а  компанија та Дрим Воркс  е ко-финансиер на филмот.

Во филмот покрај Гослинг настапуваат уште и Клер Фој, Џејсон Кларк,Кајл Чендлер и Патрик Фугит.

Филмот својата светска премиера ја доживеа на годинешниот Венецијански филмски фестивал кога беше прикажан на неговото отворање.

 04

ДАЈТЕ И’ ОМРАЗА

Филмот преставува трилер драма која говори за Стар Картер кој постојано се префрла меѓу два света: сиромашните, најчесто црни, соседството каде што живее и богатата, претежно бела, првото училиште кое таа го посетува. Непријатната рамнотежа меѓу овие светови е разрушена кога Стар ќе посведочи за фаталното снимање на нејзиниот најдобар пријател Калил од детството од страна на еден полицаец. Сега, соочувајќи се со притисоци од сите страни на заедницата, Стар мора да одлучи и да застане зад она што е исправно.

Режисер на филмот е Џорџ Тилман јр .а главните улоги и толкуваат:Амандла Стенберг, Регина Хол, Расел Хорнсби, Ентони Мек Ки и други.

Филмот својата светска премиера ја доживеа неодамна на годинешниот филмски фестивал во Торонто.

 

 05

СРЕЌНИОТ ПРИНЦ

 

 Филмот „ Среќниот принц“ преставува историска драма која говори за познатиот писател Оскар Вајлд. Во една  евтина париска хотелска соба, Оскар Вајлд лежи на неговата постела. Тој е обземен од минатото потсетувајќи се на изминатите времиња и места.Тој се прашува  дали некогаш бил најпознатиот човек во Лондон? Уметникот распнат од едно општество што некогаш му се поклонило? Под микроскоп на смртта тој го разгледува неуспешниот обид да се помири со неговата долгогодишна страдална жена Констанца, следењето на неговата фатална љубовна врска со лордот Алфред Даглас и топлината и посветеноста на Роби Рос, кој се обидел и не успеал да го спаси од себе. Патувајќи низ финалниот чин на Вајлд и патувањата низ Англија, Франција и Италија, минливоста на страста е поставена и откриено е вистинското богатство на љубовта. Тоа е портрет на темната страна на генијот кој живеел и умрел за љубов.

Режисер на филмот е познатиот актер Руперт Еверет кој ја толкува и гланата улога во филмот односно ликот на Оскар Вајлд. Во овој англисо италијанско француски филм , настапуваат уште и оскаровецот Колин Фирт, Емили Вотсон, Колин Морган, Том Вилкинсон, Беатрис Дал и други.

 

 06

 

СТУДИО 54

Студио 54 беше епицентарот на хедонизмот во 70-тите – место кое не само што го редефинираше ноќниот клуб, туку исто така симболизираше цела една ера. Нејзините сосопственици, Јан Шрагер и Стив Рубел, двајца пријатели од Бруклин, изгледаа како да доаѓаат од никаде за одеднаш да станат предводници на еден нов вид на њујоршко општество. Сега, 39 години по неговото затворање , овој документарен филм ја раскажува вистинската приказна за најголемиот клуб на сите времиња.

Студиото е затворено на забава во февруари 1980 година, кога Дајана Рос пеела. Меѓу гостите таа вечер биле: Рајан О`Нил, Фара Фосет, Мериел Хемингвеј, Ричард Гир, Џек Николсон, Силвестер Сталоне и други. Шрегер и Рубел се обвинети за даночна измама и поминале 13 месеци во затвор..

Меѓу редовните гости на Студио 54 биле: Енди Ворхол, Лајза Минели, Бјанка Џегер,  Елизабет Тејлор, Мик Џегер, Џери Хол, Деби Хари, Грејс Џонс, Мајкл Џексон, Келвин Клајн,

 Елтон Џон, Рик Џејмс, Тина Тарнер, Силвија Мајлс, Феј Данавеј, Марго Хемингвеј, Пет Кливленд, Џенис Дикинсон, Фреди Меркјури, Томи Халфигер, Микаил Баришников, Дајана Рос, Лу Рид, Ал Пачино, Шер, Дејвид Боуви, Вуди Ален, Иман, Салвадор Дали, Робин Вилијамс, Џон Траволта, Беверли Џонсон, Аманда Лир, Жаклин Кенеди Оназис, Џералдо Ривера, Брук Шилдс, Актерот Ал Корли бил вратар кон крајот на 1970-те години.

Овој документарен филм како режисер го потпишува Мет Тарнауер а во него свои искажувања имаат неговте создавачи Јан Шрагер и Стив Рубел.

 07

БРКАЊЕ НА БЛУЗОТ

Комедијата „ Бркање на блузот“ е во режија на Скот Смит а настапуваат:Грант Розенмејер, Роналд Конер, Челсеа Таваре, Стив Гутенберг, Џон Ловиц, Ана Марија Хорсфорд и други.

Двајца ривалски колекционери на грамофонски плочи се обидуваат да станат пријатели на една стара дама која поседува една ретка , но проколната, грамофонска плоча со блуз музика од 1930-тите. Кога серијата несреќни околности ќе  ги смести  во затвор, одмаздата се наталожува повеќе од дваесет години, додека не се ослободат од затвор и  не се добие втора шанса за да се добие грамофонската плоча, овој пат од поизразениот непријател.

 

 08

НАЕЖЕНА КОЖА 2:ПРОКОЛНАТИОТ ЛОВ НА ВЕШТЕРКИ

По успехот што го доживеа во 2015 година , филмот „ Наежена кожа“оваа година филмот ќе доживее продолжение кое е насловено како:„ Наежена кожа 2“ со поднаслов„Проколнатиот лов на вештерки“.

Овојпат режисер на оваа акциона семејна комедија е Ари Сендел а главните улоги ги толкуваат:Џек Блек,Венди МекЛондон – Ковеј, Медисон Ајсмен , Крис Парнел, Џереми Реј Тејлор, Дарин де Пол и други

Ноќта на вештерките оживува во оваа комедија авантура која е темелена врз серијата на книги напишани од писателот Р.Л.Стијн , кои досега се продадени во тираж од 400 милиони примероци.

Филмот својата премиера во кино салите ќе ја доживее следниот петок на 12. Октомври.

 09

ПРЕКРАСНО МОМЧЕ

Филмот е  реализиран врз основа на најпродаваните  мемоари од таткото и синот Дејвид и Ник Шеф. „ Прекраснто момче“ преставува хроника на срцевите и инспиративните искуства на преживување, рецедив и обновување во семејството кое се соочува со зависност многу години.

Режисер на оваа семејна драма кој светската премиера ја доживеа на фестивалот во Торонто, е Феликс Ван Гронинген а главните улоги ги толкуваат : Стив Карел(познат комичар овојпат во една сосема поинаква драмска улога), младиот надежен актер Тимоти Чаламет (кој изминатата година беше номиниран за Оскар за улогата во филмот„ Викај ме со твоето име“),Маура Тирни, Кристијан Конвери и други.

 

 10

ЗАКЛЕТВА

Режисерот Ајк Беринхолц ја потпишува комедијата „ Заклетва“ во која главните улоги ги толкуваат:Били Нагнусе, Тифани Хедиш, Џон Чо, Ајк Беринхолц и Кери Браунштајн.

Во политички поделена Америка, еден човек се бори да го прослави Денот на благодарноста без да го уништи своето семејство.Но, дали тоа ќе му успее ако се знае дека политиката е мошне непредвидлива и знае да биде растурач на забави  а особено на прослави од секаков вид.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 86
Share
Previous Post

Јубилеј 40 години – Македонско литературно друштво „Григор Прличев“во Сиднеј

Next Post

Одгласи од KREF 2018 -Меѓународниот филмски фестивал одржан во Штип

Next Post
Одгласи од KREF  2018 -Меѓународниот филмски фестивал одржан во Штип

Одгласи од KREF 2018 -Меѓународниот филмски фестивал одржан во Штип

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 86

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk