• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Што му напишаа Македонците од Хрватска на новиот известувач за Македонија во ЕП Тонино Пицула?

април 12, 2017
in Аргументи за

 Ви се обраќаме во името на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб, кој се грижи за заштита на правата на Македонците во Град Загреб и Република Хрватска, поради Вашите активности за време на амандманската расправа во рамките на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент во врска со Извештајот на Комисијата за напредокот на Република Македонија во процесот на евро-интеграции за 2016 г.

Имено, со големо разочарување ја примивме информацијата дека токму Вие, почитуван г-не Пицула, бевте ко-автор на предлог-амандманот бр. 14 со кој се заложивте за речиси целосно бришење од текстот на споменатата резолуција не само на уставното име на нашата држава туку дури и употребата на привремената референца под која нашата земја е примена во ООН, а наместо тоа предложивте користење на неопределени форми во однос на нашата земја како „земјата“, „таа“ „нејзини“ и слично.

Сакаме да Ви дадеме јасно да знаење дека ваквиот предлог изнесен од Ваша страна е целосно неприфатлив, а дури и навредлив за Македонците кои со години и децении живеат во пријателска Република Хрватска. Во тој контекст сакаме да Ве потсетиме дека Република Македонија е признаена под нејзиното уставно име од страна на Република Хрватска, која е воедно еден од најгласните и најревносните поддржувачи на европските и евро-атлантските интеграции на нашата матична држава. Истовремено Македонците, заедно со претставниците на други малцинства кои живеат во Република Хрватска, се спомнати во преамбулата на хрватскиот Устав. Македонците се лојални државјани на Република Хрватска, активни учесници и актери во нејзиниот општествен, културен, политички, економски живот. Незанемарлив е и придонесот на етничките Македонци во Татковинската војна.

tonino 1

Вие, почитуван г-не Пицула, сте и наш европратеник, избран и со гласовите на Македонците кои живеат во Република Хрватска. Оттука стварно сме зачудени од Вашата гореспомената активност во Европскиот парламент со која можеше недвосмислено да се сфати дека го доведувате под знак прашање националниот и етнички идентитет на нашата држава и нашиот народ. Зачудува фактот дека Вие бевте единствен хрватски европратеник кој поднесе предлог-амандман толку неповолен за Република Македонија, додека останатите европратеници од Вашата и нашата држава, без разлика на нивната политичка определба, поднесоа повеќе предлози со позитивна конотација за Македонија.

Ве молиме, почитуван г-не Пицула, да ни одговорите дали Вашиот предлог-амандман поднесен во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент треба да се сфати како менување на Вашиот личен став или ставот на Вашата матична партија во однос на уставното име на Република Македонија?

Се надеваме дека тоа не е Ваш став, а ниту на Вашата матична партија. Во таа смисла се надеваме и очекуваме поддршка, како од Вас лично, така и од Република Хрватска, во пристапувањето на Република Македонија кон евроатлантските интеграции, а особено во зачувување и заштита на македонскиот идентитет и интегритет.

Со почит,

Претседател  на Советот на македонскотo национално малцинство за Град Загреб 

Томе Апостолоски

Набрзо стигна и одговорот од европратеникот Тонино Пицула во него стои: 

 

Почитуван господине Апостоловски,

Ви благодарам за Вашиот допис кој ми дава можност да го објаснам недоразбирањето до кое дојде. Во декември минатата година бев именуван за известувач во сенка за Македонија во името на мојата политичка група во Европскиот парламент, Социјалисти и демократи. Во средината на законодавниот мандат ја наследив оваа должност од колегата од Велика Британија, Ричард Ховит, кој го напушти Европскиот парламент.  Како долгогодишен пријател на Македонија и заговорник на нејзиното пристапување во ЕУ, ова именување го прифатив со голема чест и почитување.

Со новата улога, ја наследив и досегашната политика на политичката група на која ѝ припаѓам кон Македонија, а која исто така секогаш ѝ давала поткрепа на Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.  Заедно со координаторот на групата за надворешни работи, во име на групата, поднесен е 21 амандман на овогодишниот извештај.  Во него повеќекратно ја изразуваме поддршката на напредокот на Македонија и нејзиното пристапување во ЕУ.   Во еден од амандманите исто така нагласуваме дека Советот на ЕУ со години неоправдано го блокира отворањето на преговори на Македонија со Европската унија и јасно бараме дека билатералното прашање не смее да биде препрека на итното отворање на преговори (амандман бр.  39).

Споменатиот амандман бр. 14 е резултат на повеќегодишна политика на групата на која и припаѓам, настана во најдобра мерка за да се избегне блокирање на целиот документ од страна на колегите, првенствено на грчките и бугарските, за да би можеле да го усвоиме овој извештај и сите квалитетни одредби кои ги содржи.  Како што знаете, за жал, во правните текстови не смееме да го користиме називот Република Македонија, туку службениот назив на ЕУ – Поранешна југословенска република Македонија. Намерата на амандманот беше да се избегне постојаното повторување на поимот поранешна Југословенска Република Македонија, што го сметавме штетен, и да се задржи поимот «македонски». Споменатиот амандман е компромисен предлог кој пред неколку години го воведе колегата Ховит и кој до сега секогаш беше усвојуван.  И оваа година споменатиот амандман беше подржан од страна на сите поголеми политички групи, вклучувајќи ги народните и либералите.

fd54eeb6e0cd4671a0687e577d415dfdnormal

Верувајте ми, господине Апостолоски, намерата на политичката група на која и припаѓам и мојата лична никогаш не била да се негира постоењето и признавањето на името на Република Македонија, токму спротивното. Како што наведов порано, се работи за компромисен предлог со кој веќе со години се спречува одбивање на целокупниот извештај и блокирање на Европскиот парламент да ја изрази својата поддршка на Македонија. Навистина ми е жал што еден амандман кој со години се повторува и усвојува, оваа година се вади од контекст и партикуларно се интерпретира.

Исто така сакам јасно да нагласам дека во своите говори и јавни настапи секогаш ги користам називите Република Македонија и Македонија, следејќи го така формалниот став на Република Хрватска, но и сопственото уверување.

Се надевам дека со овој одговор го разјаснив ова недоразбирање и јасно ја искажав мојата недвосмислена поддршка на Македонија на патот кон ЕУ. Исто така се надевам дека целата моја работа со која настојувам да допринесам ќе биде уважена.

Со целосно почитување за работата на Советот на македонското национално малцинство на Град Загреб и придонесот на македонската заедница во Хрватска, примете срдечни поздрави.  Верувам дека ќе имаме прилика за сè и лично да разговараме.

Со почитување,

Тонино Пицула 

Објавените текстови и фотографии во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.

„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.

Публицитет.мк 

 

 

Посетеност: 76
Share
Previous Post

Аптека „Мерифарм“ и Pharmamed ве канат на презентации

Next Post

Велигденски панаѓур во ОУ „Христо Узунов“

Next Post

Велигденски панаѓур во ОУ „Христо Узунов“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 76

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk