• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Што очекувам од идниот градоначалник?

септември 5, 2017
in Аргументи за

Прв во серијата ставови на наши сограѓани кои  Публицитет.мк ќе ги објави во периодот до локалните избори на веќе зададената тема е ставот на проф. д-р. Трајче Талевски.Тој пишува:

Што очекувам од идниот градоначалник на Општина Охрид? 

Да е транспарентен во својата работа.

Да е посветен на градот, Езерото и сите граѓани.

Да прогласи мораториум за издавање на нови дозволи за градба во старото градско јадро и вдолж линијата покрај брегот.

Сите инвеститори кои добиле дозвола за изградба на колективни станбени објекти  а немаат обезбедено паркинг место за секој стан да им се стопира продажбата на станови.

Да воведе поефикасен систем на наплата на паркинзите телефонски или со картички.

Да се реши проблемот со паркирање со подземни гаражи а не со катни бидејќи тие објекти нема пејзажно да се вклопат во просторот на Охрид.

Да се почитува претходно донесена одлука на Советот која е најверојатно укината  за престанок на градба во јули и август.

Подеднаква изградба на патна, водоводна канализациска инфраструктура во сите делови на градот односно населби.

Да го оптимизира бројот на вработени во јавни претпријатија со нивна прераспределба. 

Поефикасно собирање на сметот особено во лето.

Решавање на проблемот со ѓубриштето Буково.

Изградба на регионална депонија надвор од сливното подрачје на Охридско Езеро.

Да ги зголеми парковските површини според светски стандарди.

Одржување на СИТЕ парковски површини, а не само покрај Езеро и по Туристичка.

Да ги реставрира сите објекти кои се ставени под заштита на УНЕСКО како културно наследство.

Да го санира колекторскиот систем,  цевководот и пумпните станици, до обезбедување на средства за комплетна репарација или изградба на нов систем.

Изградба на пречистителни станици од Пештани до македонско – албанска граница: Градиште Трпејца, Љубаништа, Автокамп Љубаништа Автокамп Св.Наум, и др.

Решавање на сообраќајниот метеж особено во лето.

Да го реши проблемот со такси превозот и локалниот автобуски превоз во лето.

Ефикасно чистење и миење на сите позначајни улици во градот.

Солидно решавање на водоснабдувањето на високите зони во градот особено во лето.

Враќање на тротоарите на пешаците а велосипедските патеки на велосипедистите.

Да го реши проблемот со узурпација на Езерото.

Соработка со стручна и научна јавност за сите проблеми со заштитата на природните вредности на регионот, Галичица и Езерото и културното наследство во градот.

Преземање на активности за развој на алтернативен туризам, пешачење, велосипедизам, подводни активости, научен туризам.

Правење на добар распоред без преклопување на културно-забавни,спортски и други манифестации.

Стимулирање на традиционалното занаетчиството.

Донесување на Одлука за начинот и работно  време на користење на плажи под концесија.

Добро организирање на инспекциски служби кои ќе се под негова надлежност.

Отстранување на сите диви објекти за дневна угостителска дејност.

Воведување на весела вечер за крај на летната сезона – Охридска вечер со музика, бесплатно охридско вино и охридска плашица 

Отворање на две три катчиња за сликари уметници пр.„Охридски Монмарт“, продавачи на стари книги, стари весници и др. продавачи на антиквитети.

Укинување или преместување на сите циркуски активности: бокс апарати, гондоли, балерини на просторот после хотелот „Гарден“.   

И конечно завршување на започнатите објекти: Автобуска станица, покриен базен и покриен пазар.

12642742 10204367550263760 4767858551572170160 n

Проф. д-р Трајче Талевски, Охрид 

 

Објавените текстови и фотографии во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.

„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.

Публицитет.мк 

Посетеност: 82
Share
Previous Post

„Разгледница од Охрид“ , автор Вита Караѓозовска

Next Post

Македонија трета на Балканот во Кендо

Next Post

Македонија трета на Балканот во Кендо

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 82

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk