Со години штрковите прават гнездо на една од бандерите спроти Општина Дебрца. Заминуваат и се враќаат.
Фотографиите не’ поттикнаа да се запрашаме- знаме ли се’ за штрковите?
Штрковите секоај есен летаат кон топлите региони, стигнуваат дури и во Јужна Африка, но во март тие се враќаат дома.Тие се еден знак дека пролетта веќе дошла.
По тешкото патување од неколку илјади километри, мажите- штркови без никакви проблеми го наоѓаат минатогодишно гнездо.
Неколку дена подоцна им се придружуваат жените – штркови,кои им се другари низ целиот живот. Веднаш почнува поправката на гнездото, а само потоа се парат и поставуваат јајца, кои машките и женките ги топлат наизменично… По еден месец на свет доаѓаат нивните потомци.
Љубовната приказна продолжува
Клепетан и Малена – љубов за цел живот
Приказната за љубовта на два бели штркови на покривот на Основното училиште Ивана Брлиќ Мажураниќ во градот Бродски Варош, во Република Хрватска продолжи овие денови кога штркот Клепетан и се врати на својата другарка Малена, која ја остави минатата есен кога замина на зимување во Јужноафричката Република.
Се започнало во далечната 1993 година кога пензионираниот служител на ова основно училиште во близина на местото Бродски Ступник нашол женски штрк со скршени крилја ранета од италијански ловџии. Бидејќи не можела да одлета во Африка, Стјепан ја зел кај себе дома и ја крстил Малена. Во 2002 година се појавил штркот Клепетан, во кој се „заљубила„ Малена и се родила голема љубов. Клепетан од тогаш и се враќа на својата другарка секоја година. Оваа година Клепетан стигнал две недели порано, и најубавата љубовна приказана од животинскиот свет го доби своето 16-то продолжение.
Стјепан вели дека Клепетан е стар повеќе од 30 години и, стравот дека ќе загине од година во година е се поголем. Но, како да е теран од некој инает, Клепетан се враќа еве веке петнаесет години на својата Малена. За оваа приказна, минатата година документарен филм сними и познатиот ББС.
Публицитет.мк