• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, мај 20, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Сите руски непријатели на Бонд

март 21, 2018
in Филмољубие
Сите руски непријатели на Бонд

Деновиве беше потврдена веста дека 25. по ред филм за тајниот агент Џејмс Бонд ќе го режира познатиот британски режисер Дени Бојл и тоа според  сценариото кое тој го пишува заедно со неговиот соработник  Џон Хоџ  со кого соработувал на филмовите „ „Трејнспотинг“ и „ Т. Трејнспотинг“.

Детали околу сценариото засега не се објавени, но може лесно да се случи во приказната да се вметнат актуелните случувања од затегнатите односи помеѓу Британија и Русија сврзани со обвинувањето дека Русија употребила боев нервен аргенс за труење на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и на неговата ќерка Јулија.

Во досегашната историја на најдолговечната франшиза на филмовите за тајниот агент во служба на нејзиното Височество ,долга над 50 години, неколкупати животот на најпознатиот агент бил загрозен од руски непријатели  кои му застанувале на патот да ја изврши зададената задача од нејзиното Височество за да го спаси светот од злосторниците кои сакаат да завладеат со истиот тој свет.

Неодамна интернет сајтот Russia beyond, објави еден интересен текст во кој потсетува на пет филмови во кои Џејмс Бонд бие битка со руски злосторници  или злосторнички кои му застануваат на патот за тој  да го спаси светот. Разбира се, тој сите нив по многу перипетии ги победува и успева да ја изврши задачата на својот наредбодавец.

                 capture 20180321 014343 

ЗЛАТНО ОКО (1995) – Генерал Аркадиј Оурумов

Во овој филм ликот на тајниот агент 007 за првпат го толкуваше актерот Пирс Броснан. Еден од неговите најголеми противници кој ќе му зададе многу проблеми е Генералот Аркадиј Оурумов кој е лукав како змија.Тој и неговата соучесничка Ксенија Онатоп со години ја тероризирале Русија само со една единствена причина- мегаломанијата на Оурумов.Неговата криминална организација Јанус превзема низа терористички напади: го грабнува хеликоптерот Тигар, ја крева во воздух сибирската вселенска станица со што стекнува контрола над сателитското оружје  Златно око.

Но, на неговиот победоносен пат ќе застане кој друг ако не Џејмс Бонд кој дури и со тенк ќе го брка својот непријател низ тесните улици на Санкт –Петербург.

Улогата на генералот Оуромов мошне сугестивно ја игра германскиот актер Готфрид Џон , додека ликот на опасната Ксенија Онатоп, која замалку, со своите прекрасни нозе ,на кои не може да им одолее ниту Џејмс Бонд, ќе се обиде да го убие својот непријател, го игра холандската актерка Фемке Јансен.

                       capture 20180321 014514  

ОКТОПОД )1983) – Генерал Орлов

Главниот негативец во филмот „ Октопод“ од 1983 година е лудиот генерал Орлов, кој има за цел по секоја цена да го уништи запад. Тој всушност сака со помош на нуклеарна бомба да ја опустоши Европа со што би овозможил советска инвазија. Доколку пак воената команда го игнорира неговиот план , тој ќе продаде неколку Фабержеови јајца за самиот да ја финансира својата мисија.

Но неговите планови пропаѓаат во вода откако Џејмс Бонд ќе дознае за нив. Тој му е постојано зад петици . Откако ќе открие дека генералот сака да прокријумчари нуклеарна бомба во Германија носејќи ја со воз, Бонд успешно ќе дојде во возот и ќе ја неутрализира нуклеарната бомба со што ќе ја спаси Европа. Орлов скока од возот но го убиваат германските граничари а неговиот сон дека ќе биде Советски херој , пропаѓаат.

Во филмот „ Октопод “ ликот на Бонд го толкува Роџер Мур додека ликот на Орлов мошне сугестивно го игра англискиот актер Стивен Беркоф.

                         capture 20180321 014648

ЗДИВ НА СМРТТА  (1987) –ГЕНЕРАЛ ГЕОРГИЈ КОСКОВ

Еден од најопасните руски злосторници против кои се борел тајниот агент 007 секако е генералот Георгиј Косков. Тој е всушност двоен агент кој работи и за САД и за СССР. Тој го користи своето наизглед оправдано однесување и добриот изглед за да ги насамари сите и да им забие нож во грб.Негова единствена цел е хероинот.Тој дури сака да предизвика светска војна а потоа да го прокријумчари хероинот од Авганистан додека вниманието на советските окупатори е свртено на други работи.

За тоа да го изведе, тој го лажира своето сопствено предавање на Запад за да го увери Бонд да го убие советскиот генерал Пушкин, за кого Косков тврди дека ја оживеал Сталиновата антишпијунска единица.За среќа , Џејмс Бонд не е наивен па заедно со Пушкин како негов сојузник го апси лигавиот грнерал и го испраќа назад во неговата татковина , каде го добива она што го заслужува.

Во оваа авантура ликот на Џејмс Бонд го толкува актерот Тимоти Далтон а ликот на двониот агент Косков го отелотворува  холандскиот актер Џероен Крабе.

                      capture 20180321 014829

СВЕТОТ НЕ Е ДОВОЛЕН (1999) – РЕНАРД

 Руско –босанскиот анархист и терорист  Ренард,не е типичен криминалец. Нему во мозокот му останал куршум кој го елиминира  неговото чувство за болка, и знае подобро од кого и да е дека неговото време за престој на земјата е ограничено, заради што сака да предизвика што поголема штета додека сеуште е способен за тоа.Единствено  за што живее е да и се одмазди на шефицата М, која наредила негово погубување, но и да ја заштити неговата љубовница Електра Кинг.

Од една  страна Ренард е трагичен лик. Уште од самиот почеток е јасно дека имал тежок  живот и дека неговиот садизам е резултат на длабоката депресија. Покрај тоа, Ренард не можел да води љубов со Електра заради недостаток на чувство.

 Од друга страна , Ренард го убил докторот кој му го спасил животот бидејќи не можел да му го извади куршумот од неговиот мозок. Неговиот план е да го разнесе Босфор со помош на нуклеарна подморница со што би убил милиони луѓе. Но, нели тука е Џејмс Бонд кој уште еднаш ќе го спаси светот елиминирајќи го злосторникот Ренард.

Бонд во овој филм од 1999 година го игра Пирс Броснан а ликот на Ренард познатиот англиски актер Роберт Каралајл.

             capture 20180321 015008

ОД РУСИЈА СО ЉУБОВ (1963) РОЗА  КЛЕБ

Од сите злосторници кои биле најблиску да го убијат Бонд е Роза Клеб која ќе загине од куршумот кој ќе и го испука во нејзината глава нејзината помошничка Татјана Романова пред таа да го убие Бонд со отровниот нож скриен во нејзиниот чевел. Роза пред се ќе остане запаметена и по тоа што таа е единствениот женски лик кој така речи ќе го елиминира Бонд користејќи го притоа својот мозок.Таа е всушност двоен руски агент кој успева да ги држи и обете страни на сигурно растојание . Таа ќе пребегне во западните шпијунски агенции без тоа да го дознае некој од нејзиното потесно опкружување.Клеб за потребите на Советскиот сојуз ќе го украде тајниот уред за декодирање . Тоа за малку ќе и успеало доколку Бонд не успеал да ја заведе нејзината помошничка  Татјана Романова која ќе ја убеди да ја промени страната.А кој не ќе го стори тоа кога ликот на Бонд го толкува најдобриот меѓу најдобрите , Шон Конери. Ликот на опасната Роза Клеб го толкува австриската актерка Лоте Ленија.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк

Посетеност: 56
Share
Previous Post

Владата одлучи Охридско Езеро и Студенчишкото Блато да ги номинира за Светската Рамсарска листа

Next Post

Градоначалникот Ногачески во Мешеишта ги промовираше добиените проекти вредни 300 000 евра

Next Post
Градоначалникот Ногачески во Мешеишта ги промовираше добиените проекти вредни 300 000 евра

Градоначалникот Ногачески во Мешеишта ги промовираше добиените проекти вредни 300 000 евра

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 56

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk