Охрид сплотен во хуманата мисија за помош на 15 годишната Сара Настеска, на која и е неопходна трансплантација на коскена срж, која треба да се изврши во Германија, а која чини 200.000 евра.
Синоќа ФА „Бисери“ и новинарите и медиумите oд Охрид во спортската сала „Билјанини Извори“ организираа хуманитарен хепенинг. Учествуваа: ФА „Бисери“, Петар Нечоски, Жармена и Китроз, Петар Маркоски, Горан Папаз,Камелеон, Каролина и Оли, Јован Чифлигароски, Дуо “Black moon“, Дамјан Пејчиноски, Ивана Коскоска, ученици од Средното државно музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец од Струга…
Настанот го помогнаа: Лабино саунд, спортската сала Билјанини извори, Принт студио, Мега продукција. Група од десеттина жени од Охрид и посебно женскиот центар „Бисера“ чии организираа хуманитарна продажба на слатки и други печива.
Собраните средства од овој и детскиот музички хепенинг одржан вчера – претпладне во Центарот за култура денеска му беа предадени на семејството Настески со желба за брзо оздравување на малечката Сара.
Фото: Охрид Њуз
Публицитет.мк