По три месеци минати во Австралија Славица Стевоска зад која како интерпретатор на народна и новосоздадена песна се повеќе настапи на фестивали и спотови се врати во својот роден Охрид.
-Во Австралија бев во посета на ќерка ми која таму е среќно омажена, но не издржав и на покана на нашинците од Перт, на мое големо задоволство имав голем концерт.
Настапив во клубот „Илинден“ а концертот имаше хуманитарна намена се собираа средства за доизградба на црквата Св. Никола во Перт.
Драго ми е што имаше над 300 посетители и таа вечер се собраа 15 000 австралиски долари.
Среќна сум што на овој начин со мојата песна успеав да ги развеселам присутните и да ги поттикнам да донираат за овој нов македонски црковен храм на австралиско тло, вели за Публицитет.мк Стевоска, која во речиси над дведецениската дружба со песната и претходно била на поголема турнеја во Австралија.
Во мигов таа работи како маркетинг агент за охридската ТВ Морис и повремено настапува и снима народни и новосоздадени песни. Годините минуваат но јас ја сакам музиката и песната, а пеењето ми го продолжува животот и не се откажувам од него,вели Стевоска.
Публицитет.мк