Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.весник на РМ 66/04, 139/08, 99/09 и 149/14 , а врз основа на одлука на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дератизација на територијата на Општина Охрид ,како општа противепидемиска мерка , екипата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид ,во соработка со Општина Охрид, на ден 23.09.2015година и 24.09.2015година ќе спроведе системска дератизација во стариот дел на градот , населба Билјанини извори ,Гоце Делчев, Воска , Далјан како и по улиците Туристичка, Питу Гули, Железничка ,Јане Сандански, 7ми Ноември,Марко Нестороски, Кеј Македонија, Македонски Просветители, Момчило Јорданоски и Прва Македонска Ударна Бригада.
Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство во четврток на 24.09. 2015г.ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци ( аеросолна адултицидна дезинсекција )
Запрашувањето ,почнувајќи од 05 часот до 8.00 часот ќе биде опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското Езеро по течението на Коселска река .
Поради запрашувањето против комарци се известуваат пчеларите на 24ти септември (четврток) 2015година да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.
Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.
Извор: ohrid.gov.mk