Пред десет дена во некогашен Сталинград – во Волгоград, Русија беше отворена самостојна изложба на кандскиот уметник со македонски корени Мајкал Клос.
-Изложбата во Музејот на современа уметност , „И.И.Масков“, предизвикала голем интерес помеѓу посетителите, кои како што не извести директорката на Музејот Варвара Сергеевна Озерина немаат многу често прилика да посетат интернационална изложба.
Целта ни беше да продолжиме со проектот наречен „Уметноста на патот до хуманоста “, која и овој пат го покажа својот заслужен наслов да ги поврзува луѓето преку сликарството.
Излагајки во овој Град – Херој ние исто така, сакавме да им оддадеме почит на бранителите на Сталинград во Втората светска војна,во една од најголемите и решавачки битки во борбата против фашизмот.
Видео поздрав до публиката од сопружниците Менка и Мајкал Клос
Со нашиот мал придонос во овој град сакавме да одбележиме и да потсетиме дека жртвите и хероите не се заборавени. Изложбата ќе остане во трајна колекција на нивната постојана збирка на Современи ликовни дела, изјави за Публицитет.мк Менка Клос, сопругата на уметникот Мајкл Клос.
Од јануари до април годинава Клос во рускиот град Астрахан изложи околу 30 сликарски платна и цртежи. Уметникот и сценограф Клос за себе има 70 самостојни изложби во Белгија, Германија, Шпанија, Романија, Словенија, во Европскиот парламент (Стразбур), Македонија и Бугарија.
Публицитет.мк