Граѓаните на Унгарија мора да работат во просек седум години и осум месеци за да би купиле нов стан од 70 квадратни метри, покажува најновото истражување на консултантската куќа „Дилојт“.
Во истражувањето како просечна цена за стан во Унгарија за 2014 година се наведуваат 960 евра по метар квадратен, што е за 25 одсто поефтино отколку во Чешка и за околу 15 помалку отколку во Полска, пренесува унгарската агенција МТИ.
Од друга страна, балканската пресметка покажува дека за стан од 50 квадрати во некој од главните градови на поранешна СФРЈ, а кој би бил платен по најниски цени за квадрат, најдолго работат граѓаните на Србија и Македонија, а најкратко Словенците.
Според податоците на ова истражување, пресметките за во Македонија, покажуваат како просечна плата изнесува 355 евра а цената за стан по метар квадратен изнесува 900-1300 евра.
Тоа би значело, дека граѓаните би морале да работат од 10 до 15 години за да би купиле стан од 50 квадрати.
Имајќи предвид дека просечната плата во Србија паднала за 3,6 одсто во однос на минатата година, а дека стамбените објекти во централните градови се нудат по нереално високи цени, јасно е дека тамошната градежна индустрија ја чека тешка задача.
Според зборовите на Горан Радиќ, потпретседател на Градежната комора на Србија, реализацјата на проектот „Белград на вода“ би требало да ја оживее домашната градежна индустрија и станоградба.
-Во рамки на Белград на вода би се граделе претежно луксузни станови од висок стандард и би можеле да се користат производи од нашата градежна индустрија – наведува тој. Домашните фирми исто така, би можеле, како вели тој, да ги вработат своите капацитети, а работниците би се сретнале со нови материјали и на тој начин би стекнале уште едно искуство, што подоцна би им помогнало за настап во странство.
Извор: Фактор.мк