Зимата календарски е далеку, но снегот веќе ја најавува.
Фотографииве кои ги објавуваме се од нашиот читател Сашо Апостолоски од Охрид, кој е лиценциран туристички водич, воедно и страствен ловец. Фотографиите ги направил вчера на планината Караорман некаде над Песочан.
Изгледаат како разгледници а на една од нив се гледа и нивниот плен – диво прасе. Всушност вчера за ловиџиите беше ловен ден.
Публицитет.мк