Со Снежана Липковска се најдовме на една од бројните изложби во Охрид летово.
Таа за Публицитет.мк ни откри дека телевизијата и натаму е нејзина љубов. Во мигов е насочена кон документаристиката. Заедно со колегата и сопственик на ТВ Морис од Охрид Јован Трпески работат на низа документарни филмови кои се прикажуваат на телевизиите во Италија, Русија, Јапонија.
Липковска ни откри дека неодамна при престојот и снимањето на ТВ документарец во едне музеј на инструменти во Италија ја пронашле и нашата гајда под која стоело името Македонија а не ФИРОМ и станало мошне драго.
– Работам на документарци кои зборуваат за спојувањето меѓу народите, особено помеѓу Македонија и Италија. Земји кои имаат многу заеднички нешта. Во сета оваа работа имаме голема помош од нашиот пријател , познатиот Винченцо Бјанки од Италија со кого имаме постојана соработка и омилени ни се археолошките наоѓалишта по кои се гледа патот и развојот на цивилизациите. За дел од филмовите Липковска има добиено и дузина меѓународни награди.
Липковска вели дека сега преокупација и е завршувањето на книгата со новели – „Хотелски стории“ која се надева дека ќе предизвика интерес меѓу читателите.
Во интервјуто Липковска ни зборува за нејзините почетоци во ТВ Скопје од првиот ден на нејзиното основање, зошто денес не ја сака оваа телевизија од која се пензионира и за ред други нешта. Повеќе во видеото – погледнете и слушнете.
Публицитет.мк /Милчо Јованоски