• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, јули 9, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Сношти со доделување на наградите заврши 75.Филмски фестивал во Венеција

септември 9, 2018
in Филмољубие
Сношти со доделување на наградите заврши 75.Филмски фестивал во Венеција

Со доделувањето на наградите во саботата на 8.септември , заврши годинешното издание на најстариот филмски фестивал кој оваа година се одржа по 75 пат.

Годинешното жири кое ги оценуваше филмовите кои се натпреваруваа по наградата „Златен лав“,беше предводено од минатогодишниот добитник на оваа престижна награда , мексиканскиот режисер Гиљермо Дел Торо.Во трката по наградата учествуваа 21 филм.

ven 1

И веднаш да кажеме дека наградата „Златен лав“ му припадна на филмот „ Рома“ на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон.Филмот заслужено ја освоил главната награда бидејќи по неговото прикажување бил и останал главен фаворит за главната награда .

За овој филм се сврзани две интересни нешта. Најпрвин, тоа е првиот филм на Куарон кој го снимил на мајчин јазик по неговиот филм „ И јас тебе мајка ти“ во 2001 година  и тоа е филм кој требаше да биде прикажан на годинешниот Кански филмски фестивал но беше одбиен заради тоа што организаторите на овој фестивал го забранија прикажувањето на филмови кои се направени под капата на стриминг гигантот „ Нетфликс„. Ова не им сметаше на организаторите во Венеција филмот да се најде во нивната програма  и да стане главниот фаворит за наградата Златен лав.

Инаку, филмот „ Рома“преставува  визуелен револуционерен спектакл, црно – бела почест на Мексико која е базирана врз детството на режисерот поминато во неговата родна земја – Мексико.

                  ven 2

Наградата Гран При на жирито му припадна на филмот „ Миленичка“на грчкиот режисер Јоргос  Лантимос, кој е еден од милениците на вистинските филмофили.

 „ Миленичка“преставува ноншалантна анализа за животот на англиската кралица Ана (1702 – 1707). Се работи за комедија во која настапуваат Ема Стоун, Рејчел Вајс и Оливија Колман.

                 ven 3

Специјалната награда на жирито отиде во рацете на австралиската режисерка Џенифер Кент, за филмот „ Славеј, кој ја раскажува приказната за една млада осуденичка  во Тасманија  во 1825 година која, со помош на Аборининџини трагачи , тргнува во освета на војникот кој и го убил семејството.Интересно е да се спомене дека режисерката Кент беше единствената жена режисер во конкуренцијата помеѓу 21 кандидат.

                       ven 4

                     

Наградата „ Сребрен лав“ за најдобар режисер му припадна на францускиот режисер Жак Одијар за вестерн комедијата „ Браќата Систерс„ во кој главните улоги ги толкуваат Џон Си Рејли, Жоакин Феникс, Џејк Џиленхол и Риз  Ахмед.Добитникот на наградата не беше присутен во Венеција . На присутните и на жирито им се обрати со видео порака.

Уште еден вестерн филм се закити со награда. Имено вестернот „ Баладата за Бастер Скаргс“ режиран од браќата Коен ја освои наградата за најдобро сценарио напишано од браќате Итан и Џоел Коен.Интересно е да спомене дека овој филм  најпрвин бил ТВ серија а завршил како филм. Се работи за вестерн  во кој главните улоги ги толкуваат Тим Брејк, Зои Казан, Лијам Нисон и Том Вејтс..

                        ven 5

Наградата Копа Волпи која се доделува за најдобра актерска изведба оваа година во машка конкуренција ја освои познатиот американски актер Вилијам Дефо за улогата на сликарот Винсент Ван Гог во филмот „ На вратата на вечноста“на режисерот Џулијан Шнабел.Филмот говори за сликарот Винсент Ван Гог и неговото другарување со Пол Гоген во Арло. Дафо при примањето на наградата  ја нарече Италија како своја посвоена земја, потсетувајќи дека за првпат во Венеција дошол пред 30 години со “Последното искушение на Христос” на Мартин Скорсезе и му се заблагодари на Шнабел за “дарот како негов Винсент”.

                    ven 6

Во женска конкуренција  актерската награда и припадна на англиската актерка Оливија Колман за улогата во филмот „ Миленичка“ во режија на грчкиот режисер Јоргос Лантимос. Таа при примањето  на наградата ќе рече дека е вљубена во Венеција и е толку среќна  што за возврат  фестивалот во Венеција е вљубен во филмот.

                     ven 7

Наградата „ Марчело Мастројани“ за најдобар млад актер му припадна на австралискиот актер Бајакали Ганамбар за улогата во наградениот филм на режисерката Џенифер Кент „ Славеј“.

            ven 8

 Оваа година специјални награди „ Златен Лав“ им беа доделени на англиската актерка Ванеса Редгрејв и канадскиот режисер Дејвид Кроненберг.    

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк                                                                           

Посетеност: 78
Share
Previous Post

43. Торонто филм фестивал (6 – 16 септември.2018)

Next Post

„Под тремот на црквата „Св. Софија“ во Охрид

Next Post
„Под тремот на црквата „Св. Софија“ во Охрид

„Под тремот на црквата „Св. Софија“ во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 78

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk