• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Со целодневен престој во Црвена Вода, заврши Третиот Балкански поетски камп за деца и млади “Ванчо Николески”

август 27, 2021
in Тикер
Со целодневен престој во Црвена Вода, заврши Третиот Балкански поетски камп за деца и млади “Ванчо Николески”

Со целодневен престој во историското село Црвена Вода, родното место на Ванчо Николески, заврши Третиот Балкански поетски камп за деца и млади, посветен на името и делото на родоначалникот на македонското литературно творештво за деца.

Претходно, учесниците беа примени во локалната самоуправа на руралната општина Дебрца, каде им беа презентирани погатоци од историското минато на регионот Дебрца, првата ослободена територија во Втората светска војна.

Истовремено,  општина со богат економски потенцијал, пред се, на полето на селскиот туризам, но и во индустријата, како и во искористувањето на сончевата енергија  како обновлив извор.

Во Црвена Вода, мештаните им приредија карактеристична селска трпеза од македонски специјалитети, а за писателот Николески им говореше претседателот на Месната заедница и потомок на славниот детски автор, Војдин Николески.

Во Црвена Вода, тие беа гости и на менаџментот на СРК Центар Bella kasa, атрактивен сместувачко-угостителски објект на 1. 300 метри надморска височина, со пространи ливади на кои пасат коњи, кози, а се во сопственост на фирмата.

Учесници се млади поетски надежи од Македонија, Србија и Албанија – со физичко присуство, уште и од  Бугарија, и  од Босна и Херцеговина – Република Српска и Грција – виртуелно.

Во подборот на учесниците, вклучени се културно информативните центри од соседните земји, при што најтесна соработка е воспоставена  со КИЦ во Софија – заедно со Друштвото на писателите на Бугарија.

Исто така, Македонското друштво “Илинден” од Тирана, како и Националниот совет на Македонците од Србија, кои испратија свои претставници.

Синоќа,  учесниците беа  гости на  менаџментот на Струшките вечери на поезијата, каде го следеа свеченото отворање на најстариот поетскиот фестивал во светот и беа  во можност да  другаруваат  со своите постари колеги и идоли, присутни на светскиот поетски фестивал во Струга, кој годинава е јубилеен – шеесетти по ред.

До учесниците, Посланија испратени од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, како и генералниот секретар на Светската акдемија на поезијата при УНЕСКО, д-р Лаура Троиси.

После две години, Министерството за култура одби да го финасира Кампот, со чудно образложение дек ”не бил традиционален”, вели претседателот на Здружението „Мацково“ Веле Митаноски. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 112
Share
Previous Post

Нови 1037 случаи на КОВИД-19 од кои 35 се во Охрид

Next Post

78.Меѓународен филмски фестивал Венеција

Next Post
78.Меѓународен филмски фестивал Венеција

78.Меѓународен филмски фестивал Венеција

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 112

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk