Вчера во култниот „Аквариус“, беа доделени наградите за настанот “Напиши стих, купи кафе” одржан по повод Светскиот ден на поезијата.
Присутните имаа можност, покрај подигнувањето на наградата, исто така и да ги прочитаат нивните скромни, но одлични стихови во добро друштво и кафе.
Сите оние коишто не беа во можност да ги подигнат наградите, тоа можат да го направат во текот на следните неколку денови со што најпрво треба да се јават на еден од телефонските броеви на Аквариус, па да одат да ја подигнат наградата од шанкот.
Тел. број:
075425251
076425251
070741460
Се надеваме дека оваа манифестација ќе продолжи и во иднина и дека ќе прерасне во еден вид традиција на којашто охриѓани ќе и’ се радуваат и учествуваат.
Нашиот сајт ПУБЛИЦИТЕТ.МК постепено ќе ги објави наградените творби а ќе има и место за останатите кои оовј пат останаа не наградени.
Благодарност до: АЛПОЈО – Охрид, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид како Издавачката куќа ТРИ, академик Миле Миќуновиќ и м-р Милчо Јованоски кои беа дел од спонзорите на наградите.
Публицитет.мк