Во саботата на 23 декември – саботата во спомен куќата на Вангел Коџоман во Струга беше отворена самостојната изложба насловена: „Папата и новата кукла“ од ликовниот уметник Сашо Блажес од Охрид.
Годинава што останува зад нас за уметникот Сашо Блажес е исклучително успешна од јули до декември иамше три претставувања на своето најново ликовно творештво во Охрид, Берлин и Струга.
Најпрво кон крајот на јули неговите дела беа поместени во галеријата во куќата на Робевци. Изложбата „Страст за носталгија’“ на 27 октомври беше отворена во галеријата „Прима Центар“ во Берлин.
Изложбата во Струга беше во организација на Здружението „Инка“ и предизвика особено внимание кај љубителите на уметноста во овој град.Изложбата Папата и новата кукла во Галерија Коџоман -Струга , ќе трае до 23.01.2018 и ќе биде отворена за посета во деновите од понеделник до петок од 9 до 16 часот.
Фотографиите се најдобрата потврда за тоа.
Публицитет.мк