Во петок na 4 мај во 20 часот во Галерија „Робевци“ ќе биде отворена изложбата: „Бисерно синило“ од ликовниот уметник Блашка Ми Ева од Скопје.
На изложбата ќе биде преставен најновиот циклус дела на авторката изработени во акварелна техника. Изложбата ќе трае до 17 мај.
Во врска со овој циклус авторката ќе напише:Насловот на изложбата, „Бисерно синило“ е всушност наслов на едно дело, кое е и носечко дело. Бисерно синило претставува симбиоза на водената шир и небото, каде што се создаваат одблесоци и рефлексии од сончевите зраци и каде навидум изгледа како бисери да се движат по површината.
Блашка Ми Ева родена 1986 во Скопје. Дипломирала на факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот сликарство под менторство на проф. Вело Ташовски, со подотсек, конзервација и реставрација на фрески и икони. Завршила средно уметничко училиште “Лазар Личеноски„ – Скопје, на отсекот текстил и облека кај професорката Лира Грабул. Добитник е на наградата најдобар студент на генерација за 2008/09 год. на УКИМ. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Има реализирано 5 самостојни изложби во Скопје и многубројни групни изложби во земјава и надвор од неа.
Активно работи на полето на дизајн на накит веќе 15 години. Живее и работи во Скопје.
Селектирани реализирани изложби: Самостојна изложба во МКЦ Скопје 2009; Самостојна изложба во Креактив Скопје 2011; Групна изложба во Прима Центар Берлин – Берлин 2013; Инсталација на Бела Нок – Скопје , МКЦ 2014; Самостојна изложба на мозаици, Концепт 37, Скопје 2014; Учество на Саем за современа уметност – Paratissima Skopje 2016; Самостојна изложба на цртежи – Дом на култура – Гостивар 2016; Самостојна изложба на цртежи – Музеј на Град Скопје- 2017.