Градскиот стадион „Билјанини Извори“ подготвен за денешниот натпревар за квалификациите на Светското првенство во фудбал У21 помеѓу репрезантациите на Македонија и Србија.
Со овој натпревар симболично ќе биде отворена и новата трибина на градскиот стадион, проект на ФФМ и Општина Охрид.
Натпреварот е закажан за 16.00 часот .
Вкупниот капацитет на новата трибина е 1480 седишта. Според проектот во централниот има вип ложа, коментаторска кабина и простор за ТВ камери. Под трибината се сместени други современи простории за нормално функционирање и одвивање на фудбал и други спортски активности на стадионот.
Публицитет.мк