Здружението на просветни работници на Град Скопје во соработка со ликовниот уметник и хуманист Живко Поповски – Цветин и Општина Центар организираа настан кој долго ќе се памети
– Одбележување на денот на пролетта, екологијата и поезијата. Сончевото неделно попладне, денес 20 Март, беше искористено за дружба и приредба во чест на пролетта, на познатата скопска боемска улица. Бројни поети, средношколци, естрадни уметници се претставија со свои точки, а сите тие беа лично поздравени и од градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, од уметникот Цветин и професорката- организаторка Катерина Митковска. Ликовниот уметник Живко Поповски-Цветин наслика прекрасни цвеќиња како симбол за доаѓањето на пролетта.
Беше доделена и Цветинова награда за мир за професорката Снежана Џамбазова-Попорданоска, која специјално од Мелбурн, Австралија, дојде да ја прими. Се одиграа и шаховски партии со шампионот Димитар Илиевски. “Чардак”, “Канцеларија” , “Шпајз” и “Дневен престој”, ги нагостија гостите со напивки и канапеа.
Публицитет.мк