Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“.
Проектот се однесува на унапредување на енергетски-ефикасна реконструкција и модернизација на избрани јавни објекти во образовниот сектор (Студентски домови во државна сопственост) во Северна Македонија, конкретно зголемување на енергетската ефикасност, структурниот интегритет и основната удобност. Програмата ќе се фокусира на студентски домови во државна сопственост во следните градови: Скопје, Прилеп, Битола, Охрид и Штип.
Заедно со обновата на енергетската ефикасност на зградите и структурното зајакнување, основните мерки за удобност ќе бидат суштински дел од Програмата, како што е реновирање на санитарни инсталации, обнова на електрична опрема, безбедносни мерки, стандардни работни соби, итн. со цел да се подобри средината за живеење и учење за студентите.
Владата на Република Северна Македонија го задолжи Министерството за образование и наука да го вклучи студентскиот дом „Стив Наумов“ како приоритетен во проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“.
Публицитет.мк