Повод и инспирација да го напишам ова ми даде она што го видов и прочитав во медиумите за угинатиот лебед од 10-03-2016 год.
Охридското Езеро како посебен еко – систем преставува интересен објект во однос на фауната на птиците особено на ЦРВЕНО КЛУНИОТ ЛЕБЕД (SIGNUS OLOR GMELIN).
Поради добриот однос на човекот во почетокот на нејзиното населување оваа птица се ДЕМИСТИФИЦИРА.
Со право може да се каже дека ЦРВЕНО КЛУНИОТ ЛЕБЕД ја збогати и онака богатата фауна на Охридското Езеро.
Во почетокот оваа птица тука престојуваше само во зимскиот период од годината а пото си заминувала. Лебедите постепено но сигурно се привикнувале на Охрид и ова поднебје и за наша среќа остануват да живеат преку целата година.
ОРНИТОЛОШКИТЕ податоци покажуваат дека лебедите се многу одлични летачи. Според некој податоци тие можат да прелетат дури и до 600 километри без прекин. Лебедите живеат во јата. Посебна каректеристика за ова многу убава и ретка птица е нивната брачна верност до крајот на животот.
Охрид е инспиративна средина и веројатно заради тоа на Охридското Езеро се загнездува и ЦРВЕНО КЛУНИОТ ЛЕБЕД.
НАТУРАЛИЗАЦИЈАТА на лебедот крај Охридското Езеро потврдено е во моето истражување синтетизирано во мојот научен труд под наслов ,,ЦРВЕНО КЛУНИОТ ЛЕБЕД (НЕМ ЛЕБЕД) SIGNUS OLOR GMELIN на ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО.
Овај вид птица е голем талкач па поради тоа треба да му се обезбедат доволно поволни услови за ако сакаме да остане на оние места каде што мислиме дека е потребен.
Пред неколку години ( 4-5 ) кога забележав дека бројната состојба на лебедите е намалена. Одлучив да одам во Р.Албанија за да видам дали случајно лебедите ги има и таму.
Во јуни месец отидов во Р.Албанија уште на влезот во с. Тушемиште во двата залива забележав по едно јато од по 28 лебеда или вкупно 56 лебеди. Таму нашле поволни услови за одгледување (живење) и останале таму да живеат. Со големо задоволство ги сликав со телефон но за жал сликите после извесно време ми се уништија.
За прв пат лебедите во Охрид се забележани есента 1976 г. но по извесно време исчезнаа.
Во 1978 г. долетале осум лебеди (4 двојки), во есента 1980 г. им се придружиле уште пет двојки и јатото се зголемило на 18 примероци,кои останале преку целата година.
Така лебедите почнаа да се размножуваат на Охридското Езеро со што веќе станаа авхтохтони птици.
Треба да се направи програма за лебедите, за нивното размножување,заштита и одгледување. Уште многу одамна самиот бесплатно се понудив да направам програма, но никој од надлежните не беа заинтересирани.
Со лебедите никој неможе и не смее да се однесува лошо, бидејќи ова многу ретка птица со законт за ЛОВСТВО е трајна заштитена. Реков таа е голем талкач и со вознемирувањето може да ја напушти локацијата на место живеењето.
Ако сакаме овааа многу ретка птица да ја зачуваме на Охридското Езеро, потребно е да се воведе строга заштита од страна на општината Охрид.
Според моето истражување и проценки лебедот не е штетна птица, наротив е многу корисна, многу ретко ја има и затоа треба под посебни услови да се заштити.
Лебедот се храни со водни растенија , водни инсекти, црволики животни има услови и може дополнително да се хране од страна на човекот.
По моето истражување дополнително за ова птица потребна е храна која што дневно чини по еден примерок околу три денари. Од кога лебедите ќе се научат на дополнителната исхрана од страна на човекот, секој ден во определено време и место ќе се научат да чекаат и да добијат подарок.
Ова птица е голема, машкиот лебед може да достигне тежина до 16 а додека женката до 12 килограми.
Во анкетата направена од почитуваната О2 телевизија еден од анкетираните кажа дека лебедот во Охрид го имало во 1950 г., тоа не е ни малку точно.
За илустрација ќе кажам дека на 31.05. 1838 г. германскиот научник Макач при посета на Дорјанското Езеро во северниот дел од езерото нашол седело од лебед, но немало ни трага од птицата. Моето истражуване за лебедите на Охридското Езеро беше дел од спроведено од половината на 1988 до 1990 г.
Истражувањето се вршеше на одредени локаци и тоа: Радожда, Калишта, Струга, Подмоље, ,,Андов Дуков“ Извиднички Центар, Охрид, Пештани и Св. Наум.
За сите истражувања се користени теренски увиди на лице место. Деновиве во медиуми беше кажано дека на нашиот дел од езерото има од 26 до 126 примероци тоа вопшто не е ни малку точно.
Пред се’ распонот од 26 до 126 примероци е многу голем, за да може да ја имаме таа бројка. Во 1984 г. согласно решение Бр.О9-2848/2 од 27-11-1984година издадено од страна на тогашниот Републичи Комитет за ЗЕМЈОДЕЛИЈЕ,ШУМАРСТВО и ВОДОСТОПАНСТВО а по барање на Зоолошката г радина од Скопје на ден 06.12 1984 г. во времето помеѓу 6-9 часот наутро извршено е организирано фаќање на шест (3 двојки).
Фаќањето беше извршено од обучени луѓе – вработени во Зоолошката градина во присуство на лица од Шумарскиот факултет – Скопје.
Сета суштина на ова мое писание беше веста за угинатиот лебед на Охридското Езеро.
Карактеристично е тоа што кога тогаш но не за многу долго време од жал за својот партнер или партнерка и него- неа ќе ја најде истата судбина како и угинатиот Лебед.
На угинатиот лебед кој беше оставен на брегот се гледаше дека дел од вратот пердувите му беа искубани. Би требало да се установи дали пердувите му се сами паднати пред или после неговата смрт. Треба да се виде дали во вратот имал остатоци од заби кој што може да дојде до давење од страна на други животни. ( тоа беше докажано – наша забелешка )
Треба да се установи дали лебедот бил сам или бил во јато или само со неговиот партнер. На пример кај лебедите кои се во јато заедно, и доколку некој се чувствува непријатно (болен) тој го напушта јатото претежно заедно со неговиот партнер се додека не го најде најлошото, а неговиот партнер жално и тешко се мачи се додека еден ден и него не го снајде истата судбина.
Имам многу пишувано од стручна и научна гледна точка како за флората така и за фауната (растителен и животински свет) но досега не гладам од некого ни малку интерес за лебедите.
Флората и фауната се витални фактори, па затоа треба неизбежно да се грижиме за нив и да ги зачуваме.
Со голем почит особено до сите хумани луѓе кои што сакаат да и помогнат на флората и фауната, со почит до сите читатели.
Ристо Климоски – Шумарски факултет, постдипломски студии оддел специјализација од Трпејца.
Објавените текстови во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.
„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.