По едномесечна интензивна активност завршија изборните активности за нови раководства во Месните ограноци и на органите и телата на здружението на пензионерите од Охрид и дебрца за мандатниот период од 2019 до 2023 одина.
Изборни собири се одржаа во сите 21 месни ограноци на кои присустуваа околу 800 пензионери.Изборите кои минаа во фер и демократска атмосвера ги спроведе посебна тричлена Изборна Комисија.
Откако изборните активности беа успешно спроведени, а на кои им беше дадена безрезервна поддршка на досегашното раководство, на 9 март 2019 годна, се одржа и првата конститутивна седница на Собранието за следниот четири годишен мандатен период. Извештај за постапката и регуларноста на изборните активности на седницата поднесе претседателот на Комисијата за избори Живко Наумоски. Според статутот, новиот состав на Собранието го сочинуваат 31 член, Извршниот одбор 11 членови,Надзорниот одбор и Комисијата за статут и правни прашања, по три члена.
На конститутивната седница членовите на Собранието за претседател поторно го избраа д-р Димитар Спасески, а за негов заменик Бране Ногачески.За претседател на ЗП Охрид и Дебрца и истовремено за претседател на Извршниот одбор е избран Ѓорѓи Трпчески, за негов заменик Живко Наумоски, а за секретар на Собранието и Извршниот одбор Стефан Владимиров.
Инаку, на сите 21 Собири на избирачи во Месни ограноци им беше дадена едногласна подршка на Ѓорѓи Трпчески и Стефан Владимиров, повторно да бидат избрани за претседател и секретар, како резултат на нивното досегашно ангажирање и успешно менаџирање со здружението во сите области на делување. За членови на Собранието во СЗПМ од охридското здружение се избрани Ристо Трајкоски и Ружа Балеска.За управител на Клубот на пензионерите е избран Борис Недески.
Новиот состав на Собранието, од досегашниот и идниот претседател на здружението Ѓорѓи Трпчески , беше информирано за состојбата со судските предмети што ги води со Здружението на инвалиските пензионери околу сопстевнноста на Домот на пензионерите, и притоа беше донесена одлука, актуелното раководство да го продолжи судскиот процес околу овој долгогодишен проблем. На седницата Собрането донесе и Програма за својата работа и финансиски план за мандатниот период од 2019 -2023 година, за кои опширно излагање за сите области на делување, имаше секетарот Стефан Владимиров.
К.Спасески
Публицитет.мк