Во чест на големиот христијански празник Велигден нашинците од Мелбурн , Австралија членови на социјалното друштво „Св Наум Охридски“традиционално со богат празничен ручек ги почестија пациентите од одделението Геријатрија при општата болница во Охрид.
Соработката со Австралиското друштво постои многу одамна нагласува Лазар Стојчески, од Геријатрија. Тој додава дека редовно добиваат помош од нашинците од Австралија и тоа разни ортопедски помагала, чаршафи, душеци, со нивни средства биле реновиравни дел од собите со ламинат, купена е машина за перење, уреден е влезот и дворот на одделението…
Се погласни се напорите поддржани и од Македонците во Австралија на разни начини да помогнат за доградба на одделението со што би се овозможил похуман третман на старите лица и згрижување на поголем број лица на кои им е неопходна продолжена здравствена нега.
Претседателот на Социјалното друштво „Св. Наум Охридски “ од Мелбурн, Австралија Васко Ангелоски најави нови хуманитарни активности преку коли ќе се помогне работата на одделението.
Публицитет.мк