Во чест на големите верски празници Св Илија, Света Петка и Св Климент Охридски социјалното друштво по традиција донираше ручек за згрижените лица во Геријатрија.
Меѓу лицата кои се на родолжено лекување во овој оддел на Општа болница од Охрид беа членовите на социјалното друштво Дончо Каневче и Александра Ангелоска , ќерка на претседателот на социјалното друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн – Австралија Васко Ангелоски.
Тие им ги пренесоа пораките за добро здравје на сите пациенти и на болничкиот персонал и воедно донираа маса и столици кои се добредојдени во одделението.
Социјалното друштво од Мелбурн е постојан донатор во Геријатрија. Ден пред големиот празник Св. Наум Охридски во Мелбурн се одржа традиционалниот хуманитарен годишен бал и парите собрани од таму ќе бидат донирани во хумани цели во најавената донација во септември.
Публицитет.мк