• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, мај 13, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Софија Лорен – 70 години на големото платно

јуни 26, 2020
in Филмољубие

 Ретко се случува во светот на филмот некој да доживее на големото филмско платно да биде присутен цели седум децении.А токму во оваа 2020 година еден ваков редок јубилеј слави големата италијанска филмска дива Софија Лорен.

Во нејзината досегашна кариера настапила во близу 100 филма. Таа е првата актерка која освоила Оскар за главна женска улога настапувајќи во неамерикански филм. Се случи тоа во 1961 година за улогата во италијанскиот филм „ Две жени“ („ Чочара“) на режисерот Виторио Де Сика  со кого ќе сними неколку филмови кои ќе останат запаметени во италијанската кинематографија. Освен тоа таа го доби и почесниот Оскар за животно дело во 1991 година , има освоено неколку награди Златен глобус. Наградата Златна палма на канскиот филмски фестивал , наградата Цезар на француската филмска академија, почесната Златна мечка на берлинскиот филмски феативал, дури десет национални филмски награди Давид ди Донатело кои ги доделува италијанската филмска академија…

Таа е авторка и на неколку книги, претприемачка  коа има лансирано линија на парфемии очила за сонце но и примерна мајка на два возрасни сина.

Но, и покрај се’ таа не ги заборава своите корени и своето потекло од едно сиромашно предградие во Рим.„Двете најголеми предности што ги имав уште од раѓањето , е што сум се родила мудра и во сиромаштија“ ќе рече таа во една прилика говорејќи за себе и своето потекло.

Таа е родена како Софија Вилани Шиколоне на 20. Септември .1934 година во Рим.Нејзиниот татко , Рикардо Шиколоне одбил да се ожени со нејзината мајка Ромилда Вилани, но дозволил Софија и нејзината помала сестра Марија да го носат неговото презиме.Некаде пред почетокот на втората светска војна кога Софија имала 4 години заедно со нејзината сестра и мајка се преселиле во едно сиромашно предградие на Неапол.Таму семејството ги поминале следните пет години каде ги преживеале најтешките години од животот заради честите бомбардирања на Неапол.Нивната мајка го издржувала семејството свирејќи клавир во локалните кафулиња, но честопати и гладувале заради лошите финансиски услови и честите бомбардирања.

Како ученичка , Софија била предмет на задевање заради тоа што била вонбрачно дете но и заради својата тенка става.

 

 

sl copy

Но штом наполнила 14 години таа пораснала во вистинска прекрасна жена.Нејзината егзотична убавина и заводлива става и овозможиле да избега од трошните предградија . Нејзината мајка ја пријавила на натпреварот за убавици „ Кралица на морето“ на која била избрана меѓу 12 те придружнички наречени „ принцези на морето“, што секако преставувало успех бидејќиво натпреварот  учествувала над 200 млади убави девојки.

По завршувањето на војната таа и нејзината сестра се вратиле во Рим каде нашле работа како статистки настапувајќи во филмовите„ Шесте жени на Синобрадиот“  и „Тототарзан“во кој главната улога ја играл тогаш мошне популарниот актер Тото.Софија во овие неколку филмови од 1950 година настапувала како Софија Лазаро или како Софија Шиколоне.

Во 1951 година Софија ја добила својата прва голема животна шанса кога како 17 годишна девојка го оисвоила второто место на изборот за Мис на Рим, каде го запознала филмскиот продуцент Карло Понти кој бил еден од членовите на жирито.

 

MV5BZDczZDU1ZTctYWNmYi00NGM1LWEwNzktYmQzYjMxZGNhMmU1XkEyXkFqcGdeQXVyMjI4NzAzNjg Fotor Collage

Својата прва главна улога ја остварува во 1952 , под будното око  на нејзиниот љубовник Карло Понти кој бил постар од неа само 24 години и кој веќе имал жена и две деца,настапувајќи во костимираната драма  „Омилена“ под името Софија Лазаро.

Откако се прекрстила во Софија Лорен , повторно со голема помош на Понти ја добива главната улога во филмуваната верзија на операрата на Ѓузепе Верди „Аида“.

 

MV5BZGU0NGVlM2UtM2NjYy00MjMzLWJkYmItNTJjOWVhMzU1YzA3XkEyXkFqcGdeQXVyMzIzNDU1NTY Fotor Collage

Како 20 годишна убавица таа добива улога во италијанскиот филм „ Златото на Неапол“ во режија на Виторијо Де Сика. Ова е пресуден момент во нејзината кариера , од причина што Де Сика зад раскошната фасада на Софија видел и голем актерски потенцијал. „Немој да одиш на часови по глума“ и’ рекол тој„ Ќе научиш сама“. И , не погрешил.

Нешто подоцна Софија изјавила:„ Тој ме научи на се’. Тој ми беше учител, ментор…Се’ што знам му должам нему“.Со него ќе сними десетина и повеќе филмови во кои Де Сика се појавува како режисер но и како нејзин партнер.На овој двоец во 1954 година им се приклучува и актерот Марчело Мастројани. Првиот заеднички филм оваа тројка го реализира во 1954 година . Се работи за комедијата „ Штета што е лоша“. Една година подоцна тројцата соработуваат и во комедијата „ Жената на мелничарот“. Ова трио заедно со голем успех соработуваат и во филмовите„ Вчера , денес, утре“(1963), „ Брак на италијански начин“(1964) и „ Сончогледи“ (1970) Откако ја освои Европа , Софија прави пробив и во американскиот филм. Во 1957 година таа го реализира својот  прв американски филм „ Момче на делфин“ со кој ја освојува публиката ,особено машката, откако во една сцена од филмот таа од океанот ќе излезе облечена во прозирен воден фустан кој е припиен за нејзиното тело.

 

MV5BNGZmZmYyZDUtZTIwYy00NTI2LWJiNjctYzU4ZmU2Njk1Zjc4XkEyXkFqcGdeQXVyNjE5MjUyOTM Fotor Collage copy

За време на снимањето на филмот „ Гордост и страст„ во кој нејзини партнери се Кери Грант и Френк Синатра, првиот до уши се вљубува во италијанката и ја бара нејзината рака.Таа се двоуми од причина што нејзиното „момче“ Карло Понти веќе подолго време се обидува да добие дозвола од католичката црква  за да го поништи постоечкиот брак за да може да ја земе Софија за жена.Откако Понти видел што се случува серозно се загрижил и набрзина се разведува преку мексиканските судови и конечно стапува во брак со Софија.Но, Ватикан јавно го осудува овој чин и го обвинуваат Понти за бигамија.

Во истовреме , Софија интензивно продолжува со својата актерска кариера од обете страни на Атлантикот.Па така во 1958 година повторно заедно со „губитникиот“ Кери Грант го реализира филмот „ Куќа на вода“.Истата година ги добива и своите први филмски награди за настапот во филмот „ Црната орхидеја“ од жирито во Венеција ја добива наградата за најдобра женска улога како и националната филмска награда Давид Ди Донатело.

MV5BOWNkOGE4MWYtNzYzMC00YzI3LTk2N2ItMzJmNmE1YmM2YTlmXkEyXkFqcGdeQXVyMTQ3Njg3MQ Fotor Collage

Следуваат неколку филмови на англиски јазик какo:„ Ел Сид“со Чарлтон Хестон, „ Клуч“ со Вилиам Холден, „ Падот на римското сарство “ со Стивен Бојд , „ Тој вид на жена“ со Таб Хантер, „ Милионерка“ со Питер Селерс и вестернот „ Хелер во розеви хулахопки“ со Ентони Квин кој и беше нејзин партнер во филмот „ Црната орхидеја“.

 

Sophia Loren La ciociara oscar Fotor Collage

И потоа во 1960 година го реализира својот најзначаен филм „ Две жени“ („Чочара“)во режија на нејзиниот ментор Виторио Де сика. Во филмот таа игра лик на италијанка која заедно со својата ќерка ќе биде силувана за време на Втората светска војна. Во 1961 година најпрвин нејзината улога е прогласена за најдобра од страна на критичарите на Њујорк, Британската филмска академија и Канскиот филмски фестивал.На доделувањето на наградите Оскар во 1962 година таа ќе ја добие оваа награда и ќе стане првата актерка во историјата на оваа награда која добила Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје. Овој успех во 1998 година ќе го повтори нејзиниот сонародник Роберто Бењини за филмот „ Животот е убав“. Да се потсетиме, тогаш наградата на Бењини му ја врачи токму Софија Лорен.

Истата година на приватен план доживува крах одкако италијанскиот закон ги присилува неа и Понти да го поништат бракот.Нивната сага конечно завршува четири години подоцна кога таа и Понти стануваат француски државјани и конечно склопуваат законски брак. Во 1969 година стануваат родители на Карло јуниор , кој денес е успешен пијанист и диригент а во 1973 година на вториот син Едуардо кој денес е режисер.

По добивањето на Оскарот, Софија ја продолжува соработката со режисерот Виторио Де Сика со кого ги реализира филмовите „ Бокачо 79“ во 1962, „ Вчера, денес, утре“ во 1963 и “„ Брак на италијански начин“ во 1964 година за кој ќе биде номинирана за Оскар но тој таа година ќе оди во рацете на Џули Ендрјуз за филмот „ Мери Попинс“.

 

MV5BZWNkYjhhNzUtMzBiYi00OWE2LTgxMDUtYzdjMDcxZTEyODUzXkEyXkFqcGdeQXVyMjI4MjA5MzA Fotor Collage copy

Во периодот на седумдесетите години од изминатиот век таа настапи во голем број на филмови од сите жанрови во кои настапи со најпознатите актери од тој период.

„ Операција самострел“ со Џорџ Пепард, „ Лејди Ел “ со Пол Њумен, „ Џудит“ со Питер Финч, „ Арабеска“ со Гегори Пек, „ Грофицата од Хонг Конг“ со Марлон Брандо, „ Повеќе од чудо“ со Омар Шариф, „ Сопругата на свештеникот“со Марчело Мастројани, „ Човекот од Ла манча“ со Питер О’ Тул, „ Преминот Касандра“ со Ричард Харис, „ Огнена моќ“ со Џејмс Кобурн и многу други.

 

 

download Fotor Collage

Паралелно со филмската активност таа во 1979  година ја објави автобиографијата  „Софија: живеејќи и љубејќи„. Во 1980 година се играше себеси и својата мајка во тв филм базиран на нејзината автобиографија „ Софија Лорен :Нејзината приказна“.

Во 80 тите таа поретко настапува посветувајќи се на подигањето на своите синови. Настапува од време на време во некој американски тв филм како „ Аурора“ (1984) и  „Храброст“ (1986).

Во 1994 година се врати на големото платно со улогата во фо филмот „ Прет – а – порте“ во режија на Роберт Алтман, во кој иако имаше 60 години, изгледаше прекрасно.Во овој филм таа за последен пат настапи со својот омилен партнер Марчело Мастројани кога ја повтори познатата стрип-тиз сцена од филмот „ Вчера, денес, утре“.

Истата година ја доби Златната  мечка на Берлинскиот филмски фестивал како и својата звезда на холивудската патека на славните.

Во 1995 година таа ја освои наградата Сеси Б. Де Мил која и ја додели Холивудското здружение  на странски новинари. Во 1996 година ја доби наградата за животно дело на НАТО и златниот лав на Венецијанскиот филмски фестивал во 1998 година.

Нејзината среќа на приватен план беше нарушена во почетокот на 2007 година кога почина нејзиниот сопруг Карло Понти, но голема утеха и тогаш и во понатамошниот живот се нејзините синови Карли јуниор и Едуардо, кој во 2002 година го режираше филмот  „Меѓу странци“прикажан на Венецијанскиот филмски фестивал и на кусометражниот филм „ Човечкиот глас“ кој беше прикажан на канскиот фестивал во 2014 година кога Софија Лорен беше почесен гостин на фестивалот каде во 1966 година беше председател на жирито. На овој фестивал дури 8 нејзини филмови биле прикажани во разни програми каде за прв пат на Кроазета се појави во 1955 година.

Секако најуспешните години од животот на 85 годишната актерка се зад неа , но Лорен не се предава. Доказ за тоа е нејзиниот настап во филмот „ Девет“ од 2009 година , мјузикл во режија на Роб Маршал каде настапши покрај Даниел Деј Луис, Пенелопе Круз, Марион Котијар и Никол Кидмен. Во 2010 настапи во биографскиот филм„ Мојата куќа е полна со огледала“каде таа го играше лкиот на Ромилда Вилани кој беше снимен според автобиографското дело на нејзината сестра Марија Шиколоне.

MV5BMTcwMzk2NzE3N15BMl5BanBnXkFtZTgwOTU0MzU2MTE Fotor Collage

Во оваа 2020 година таа треба да се престави со својот најнов филм „ Живот пред тебе“ во режија на нејзиниот син Едуардо Понти.

Во една прилика таа ќе изјави: Бев благословена што можев да ја насетам својата судбина. Никогаш не сум направила компромис со себеси . Никогаш не сум се мерела себеси според критериумите на другите. Одсекогаш очекував многу од себе си , и ако не успеев во нешто, не обвинував никого друг“.

Своевремено списанието „ Пипл“ ја прогласи за „ една од најубавите жени , отпорни на стареењето“.

sl6

„ Ако лицето на Лорен е подарок од природата , пишуваше тогаш Пипл,треба да и напише писмо и да и’ се заблагодари . Во градот каде што еликсерот на младоста се крие во ординацијата на пластичниот хирург од соседството, Лорен како да е осмо светско чудо“

А дека чудата постојат доказ е тому таа :СОФИЈА ЛОРЕН.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 63
Share
Previous Post

Граѓанска трибина и презентација на програмата на СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ во Охрид

Next Post

Градоначалникот Георгиески на разглед на патеката што води од Саат кулата до Горна Порта

Next Post
Градоначалникот Георгиески на разглед на патеката што води од Саат кулата до Горна Порта

Градоначалникот Георгиески на разглед на патеката што води од Саат кулата до Горна Порта

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 63

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk