Здружението „Титоисти“ и членовите на Сојузот на борци од Народно ослободителната војна во Македонија 1941 – 1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца денеска го одбележаа 29 Ноември, денот на поранешната СФРЈ
Беше организирана трибина на тема: „Македонија стана држава со сите белези за државност, благодарение на АВНОЈ – АСНОМ“
Здружението „Титоисти“ постави мини-изложба за посетителите, посветена на ликот и делото на Јосип Броз Тито и неговата улога во создавањето на македонската држава.
Денеска на 10 нови членови здружението им беа поделени членски книшки.
Публицитет.мк